Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 15 АВТОРИ Дејвид Истон /David Easton/ (1917-2014) е роден во Канада, а работел на Универзитетот во Чикаго. Тој е познат по примената на системската теорија во политичките науки. Автор е на книгите:„Политички системи“(1953),„Рамка на политичката анализа“(1965),„Системска анализа на политичкиот живот“ (1965). Бил претседател на Американското здружение за политички науки и се смета дека е еден од највлијателните автори во политичките науки во втората половина на XX век. начинот на делување на законодавната, извршната и судската власт. Државната власт е најмоќна и најобемна политичка власт. Оние кои ја изедначуваат политичката и државната власт се водени од тоа дека се која политичка власт е ориентирана кон државата, односно политичка та борба, во својата суштина, секогаш е борба за државна власт. Без оглед на тоа дали се зборува за: власт, политичка власт или др жавна власт, сведувањето на предметот на политичкиот систем на било кој од овие поими значи стеснување на неговата содржина. Моќта и власта се само еден дел од целината на политичкиот систем. 3. ТЕОРИИ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ Највлијателна теорија за политичкиот систем е системската теорија на Дејвид Истон. 11 Таа се обидува да го објасни целиот политички процес, како и улогата на главните политички актери, преку приме на на системската анализа. Целта на системските теории е објасну вање на појавите преку нивно претставување како систем. Систем е организирана и комплексна целина, сет на меѓусебно поврзани и меѓу себе зависни делови кои формираат колективен ентитет. 12 Дејвид Истон се занимавал со прашањето како се донесуваат и извршуваат одлуките во општеството. Според него, тоа се случу ва во една меѓузависна активност, која е аналитички издвоена од општествениот систем и околината. Шематски го прикажува поли тичкиот систем на следниот начин: КЛУЧНИ ПОЕНТИ Највлијателна теорија за политичкиот систем е системската теорија на Дејвид Истон. 11 D. Easton,„Political System, A Framework for Political Analysis“, New York, 1965; D. Easton,„A System Analysis of Political System“, New York, 1965. 12 Andrew Heywood,„Politics“, Macmillan, 1997, стр. 19.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten