22 ГЛАВА 1 ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ КАКО НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА „Политичката култура е клучна детерминанта која влијае врз проце сот на преобразување на интересите во различни политички барања. Функцијата на политичката култура во овој процес е да ги определи барањата кои можат да бидат предмет на политичко одлучување. Тоа што може да биде предмет на одлучување во еден политички систем, може да биде целосно исклучено во друг политички систем. Има број ни примери кога листата на барања кои се културни табуа во еден по литички систем, се сосема прифатливи во друг политички систем.“ 23 И покрај сите забелешки што се упатуваат на моделот на политич ки систем креиран од Дејвид Истон, може да се заклучи дека стану ва збор за пионерски труд кој ја нагласи динамичката природа на политичкиот процес и неговата интеракција со околината. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Детерминистички сфаќања – постои зависност на политиката и политичкиот систем од различни надворешни фактори и околности, како што се: климата, географската положба, други природни сили, економијата, и сл. 4. И ИНДЕТЕРМИНИСТИЧКИ СФАЌАЊА ЗА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ Во однос на прашањето на влијанието на околината, односно над ворешните околности врз политичкиот систем, постојат детерми нистички и индетерминистички сфаќања . Детерминистичките сфаќања се на позиција дека постои зависност на политиката и по литичкиот систем од различни надворешни фактори и околности, како што се: климата, географската положба, други природни сили, економијата, и сл. Индетерминистичките сфаќања сметаат дека по литичкиот систем е независен од другите надворешни појави. Главни типови на детерминистички сфаќања, со оглед на видот на факторите за кои се врзува политичкиот систем, се географскиот де терминизам и економскиот детерминизам . Поаѓајќи од интензите тот, односно од пресудноста на влијанието што надворешниот фак тор го врши врз политичкиот систем, постојат различни варијанти на детерминистички сфаќања, 24 и тоа, од груб праволиниски детерми низам и вулгарен материјализам(кои зборуваат дека политичкиот систем е целосно зависен и определен од географските, односно еко номските услови), до нијансирани теории за меѓусебното влијание на политичкиот систем и географските, односно економските услови. Приврзаниците на географскиот детерминизам во своите сфаќања за политичкиот систем и политиката истакнуваат дека различните 23 „Enciklopedija političke kulture“, Beograd, 1993, стр. 869. 24 Јован Ѓорѓевиќ,„Политички систем“, Скопје, 1981, стр. 72.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten