Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 41 1. ПОИМОТ ПОЛИТИКА Во обидот да го дефинираме поимот политика се соочуваме со го лем предизвик. Се чини дека е многу поедноставно да се посочат примери за соодветни политички активности, отколку да се дефи нира самиот поим. На пример, остварувањето на правото на вето на претседателот, на веќе усвоениот закон од страна на парламентот, како инструмент преку кој тој го изразува несогласувањето со зако нот или некои законски решенија, може да се согледа како политич ко инволвирање на претседателот во уредувањето на определена законска материја. Протестот на група граѓани во врска со соодвет на одлука на органите на општината, претставува партиципирање на граѓаните во политиката на локално ниво. Остварувањето на из бирачкото право, исто така, претставува чин на учество на граѓани те, преку избраните претставници, во креирањето на политиката на државата за временскиот период што претстои. Примери за политичка активност има многу, иако секогаш грани ците на ваквата политичка активност не се јасни и прецизни. Така, кога Врховниот суд на САД одлучува за правото на абортус, се по ставува прашањето дали неговата одлука е политичка или судска. Кога нашиот Уставен суд одлучуваше за уставноста на уредбите со законска сила, се постави прашањето дали целосно спротивставе ните тези за природата на овие акти, врз кои се темелеа неговите одлуки, го трансформираа овој орган од„чувар на уставноста“, во орган кој политички маневрира во соодветен уставен контекст. 1 Во контекст на споменатото, се поставува прашањето дали полити ката се врзува единствено за државната власт, за органите и инсти туциите во рамките на воспоставениот политички систем или поли тиката се остварува и во: семејствата, универзитетите, здруженија та на граѓаните, интересновните групи и синдикатите. Одлуките што се носат како резултат на различни интереси и потреби, и оние 1 Друг пример од нашата уставна историја за пинг-понг ефектот од активноста на Собранието и Уставниот суд е постапувањето на овие органи врзано за: Законот за основното образование и Законот за правната положба на црквата, верска заедница или религиозна група. За споменатите закони евидентна беше развојната линија на усвојување на законите од Собранието по кое следуваше укинување на некои нивни одредби од страна на Уставниот суд, кој процес продолжуваше со повторно усвојување на истите законски решенија од страна на Собранието или нивно вметнување во други закони, за потоа тие повторно да бидат укинати. Наведената„shuttle“ процедура со очигледен„јо-јо“ ефект, реализирана меѓу овие органи, ги постави прашањата дали Уставниот суд започнува да ги практикува инструментите на судскиот активизам и„води политика“ и дали Собранието скриено зад превезот на волјата на мнозинството, одбива да ги почитува одлуките на Уставниот суд, врзани за уставноста на актите кои тоа ги донело. Види: У.бр.202/2008 и У.бр 104/2009.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten