Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 55 АВТОРИ Харолд Ласвел/ Harold Dwight Lasswell/ (1902-1978) бил водечки американски политиколог. Бил професор по право на Универзитетот Јејл и се смета за еден од неколкумината креативни иноватори во општествените науки во минатиот век. Дал особен придонес во развојот на антропологијата, псхихологијата, правото, економијата и социологијата. Негови најпознати дела се:„Политика: кој, што, кога и како добива?“,„Психопатологија и политика“,„Гарисон држава“ итн. Правила на игра (Rules of Game) Игра во рамки на правилата (Games within the Rules Слика 5. основни нивоа на кои се реализира политиката. Наведеното сфаќање за политиката го застапува и Харолд Ласвел, за кого политиката претставува натпревар околу тоа: кој, што, кога и како добива. Според него интересите, барањата и желбите на луѓето се неограничени, за разлика од ресурсите со кои тие се задоволуваат, кои се ограничени. Затоа, на политиката може да се гледа како на борба за ограничени ресурси, а власта е средство со кое оваа борба се води. 26 2. УПОТРЕБА НА ТЕРМИНОТ ПОЛИТИКА Во македонскиот јазик со терминот„политика“ се преведуваат три англиски зборови:„polity“,„policy“ и„politics“. Овие три англиски термини означуваат, всушност, три димензии на политиката. Кога ќе се употреби зборот „polity“ со него се означуваат инсти туциите, односно политичките структури. Овој збор ја означува 26 Lasswell Harold, Who Gets What, When, How? New York Mc Graw Hill. 1936, преземено од: Hague, R and Harrop, M. Comparative Government and politics. Palgrave McMillan. New York. 2010, стр. 4. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Термините: „polity“,„policy“ и „politics“ означуваат три димензии на политиката. Polity – институционална страна на политиката; Policy – содржинска димензија на политиката; Politics – процесна димензија на политиката.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten