Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 75 1. НАЧЕЛО НА ЛЕГАЛИТЕТ Начелото на легалитет е едно од основните начела врз кои се теме ­ли правниот и политичкиот систем. Се смета дека неговата појава, втемелување и почитување претставуваат цивилизациска вредност. Потребата од легалитет историски е поврзана со појавата на држав ­ната власт. Имено, државната власт е највисоката власт која го посе ­дува апаратот за физичка принуда. Кај неа секогаш постои објектив ­на опасност истиот да го злоупотреби. Државната власт има големи овластувања во однос на граѓаните, а монополот врз апаратот за фи ­зичка принуда ја поставува во надредена позиција. Преминувањето на границата надозволеното со закон од страна на органите на држав ­ната власт, секогаш се рефлектира со повреда на правата и слободите на граѓаните. Затоа, постои неопходност од почитување и остварување на начелото на легалитет. Доколку бегло се осврнеме кон минатото ќе заклучиме дека јакнењето на начелото на легалитет е резултат на влијанието на различни цивилизациски трендови и вековни борби и настојувања за негово остварување. Во современи услови, начелото на легалитет претставува начело на модерните правни системи и една од темелните идеи на правната и политичката филозофија 1 . Слика 1. законик настанат во последните децении од владеењето на Хамураби околу 1780 година п.н.е. Еден од првите извори на правото, со норми и правила на однесување испишани со клинесто писмо, на камен со висина од 2,62 м. 1  Enciklopedija politicke culture. Savremena administracija Beograd. 1993, стр. 579.