Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 149 1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НЕДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМИ Демократијата е најлош облик на владеење, но подобар од сите други кои досега биле користени, е познатата реченица на Винстон Черчил при дефинирањето на значењето на демократијата за човештвото. И, навистина, демократијата не е перфектниот облик на владеење, но е далеку подобар од комунизмoт, фашизмот, апсолутната монархија, воените режими, теократиите, итн. Меѓутоа, човештвото далеку по ­веќе искуство имало со недемократски, отколку со демократски сис ­теми. Апсолутните монарси преку користење на теократскиот суве ­ренитет со векови биле апсолутни господари, a ограничената власт и заштитата на човековите права и слободи биле непозната категорија. Токму подемот на либералната идеологија и демократија во XVIII и XIX век доведоа до крај на владеењето на апсолутните монарси во најголем дел од светот. Меѓутоа, подемот на демократијата не доведе до крај на недемократските системи. Напротив, XX век е сведок на појава на брутални тоталитарни и авторитарни режими. Победата над фашизмот, а посебно победата над комунизмот, придонесе до еуфорија дека демократијата е победник во битката со недемократ ­ските системи и дека е последната станица во развојот на облиците на владеење. Сепак, таквата еуфорија е сосема неоправдана доколку се погледне дека дури и денес само 20% од светската популација жи ­вее во консолидирани демократии. 1 Слика 1. амо 20% од светската популација живее во консолидирани демократии. За останатите 80% од светското население демократијата прет ­ставува само замислен идеал, a авторитарните и хибридни режими претставуваат реалност. Реалност која е исполнета со неограничена 1  Freedom House,Freedom in the World 2023: Marking 50 Years in the Struggle for Democracy 30 at https://freedomhouse.org/sites/default/files/2023-03/FIW_World_2023_ DigtalPDF.pdf