Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 151 2. ТОТАЛИТАРНИ РЕЖИМИ Кога станува збор за тоталитарните режими треба да се има предвид дека ваквите режими се јавуваат во XX век и најчесто се поврзуваат со фашистички, нацистички и комунистички режими. Имено, токму Бенито Мусолини и теоретичари поврзани со италијанскиот фашизам го создале терминот totalitario, во текот на 20-тите години на XX век, со желба да опишат нов тип на држава која треба да ја извлече Италија од повоената криза по Првата светска војна. 5 Желбата за нов тип на држава набрзо се согледува и кај Адолф Хитлер и Националсоцијалистичката партија во Германија, како и кај Комунистичката партија во СССР. Градењето на нов тип држава требало да доведе до целосна(тотал ­на) трансформација на човековата природа и тековните општества. Токму затоа, тоталитаризмот говори за укинување на демократија ­та и креирање на држава која ќе влијае во секоја сфера на човеково ­то постоење, почнувајќи од контрола на економијата, образование ­то, културата, религијата, семејниот и приватниот живот. Тоа значи дека во рамки на тоталитарните режими нема простор за цивилно општество, пазарна економија, а државата добива право да реша ­ва и за најличните работи на граѓаните, односно со кого тие се во брак, кои им се пријатели, што ќе студираат, каде ќе работат, како го поминуваат слободното време, итн. Практично, тоталитаризмот не остава простор за било какво организирање надвор од државата би ­дејќи границата меѓу државата и општеството се укинува. Тоа нају ­баво се согледува преку цитатот на Бенито Мусолини:Сè во рамки на државата, ништо надвор од неа, ништо против неа. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Фашистичките и комунистичките режими се тоталитарни режими. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Tоталитарните режими се еднопартиски системи во кои идеологијата и политичката партија играат голема и важна улога, а главна цел на режимот е целосно тран­сформирање на општеството и државата преку тотална контрола на општеството. Слика 2. режими имаат тотална контрола над општеството и државата. 6 5  Martin Palous,Totalitarianism and Authoritarianism, In Encyclopedia of Violence, Peace, & Conflict Vol. 3, ed. Lester Kurtz(Oxford: Elsevier, 2008), 2131. 6 Слика од@sergeychuyko на Freepik