Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 157 3. АВТОРИТАРНИ РЕЖИМИ Токму степенот и обемот на насилство и терор е една од главните разлики меѓу авторитарните и тоталитарните режими. Теророт и пропагандата може да бидат користени и во авторитарните ре жими, но не во тој степен како во тоталитарните режими. 17 Исто така, во авторитарните, за разлика од тоталитарните режими или не постојат политички партии, или доколку постојат, тогаш се ла баво организирани и нивната моќ е мала. Дополнително, автори тарните режими се разликуваат од тоталитарните режими и во поглед на улогата на идеологијата и желбата за целосна контрола на општеството. Имено, улогата на идеологијата во авторитарните режими обично е слаба, а дополнително авторитарните режими не го контролираат целото општество, туку дозволуваат мал простор за плурализам. 18 Во рамките на авторитарните режими може да се забележи постоење на цивилно општество, пазарна економија, а понекогаш дури и опозиција организирана во политички партии. Ваквата констатација води кон прашањето зошто тогаш авторитар ните режими се сместуваат во недемократски режими заедно со то талитарните режими. Тоа е така бидејќи и авторитарните режими се слични на тоталитарните режими во поглед на нивното елитис тичко владеење, самоволна употреба на политичката моќ, ограни чување на човековите права и слободи, како и градење на односи во општеството засновани врз подреденост и хиерархија. 19 DO NOT КЛУЧНИ ПОЕНТИ Главна цел на авторитарните режими е да останат на власт што е можно подолго и тоа го прават преку репресија и награда, при што во ваквите режими идеологијата и политичките партии не играат значајна улога, а режимот нема целосна контрола врз општеството туку остава простор за мала доза на плуралност. QUESTION AUTHORITY Слика 6. режими подразбираат: елитистичко владеење, самоволна употреба на политичката моќ, ограничување на човековите права и слободи и контрола на медиумите. 20 17 Ezrow and Frantz, Dictators and Dictatorships Understanding Authoritarian Regimes and Their Leaders, 5. 18 Ibid. 19 Michael Curtis, Totalitarianism(New Jersey: Transaction, Inc, 1987), 71. 20 Слика од@jofreepik,@freepik на Freepik
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten