Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

172 ГЛАВА 5 НЕДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМИ КЛУЧНИ ПОЕНТИ Хибридните режими не се консолидирани демократии, но не се ниту класични авторитарни режими. 4. И ПОДЕМ НА ХИБРИДНИ РЕЖИМИ Втората половина на XX век доведе до пад на голем број воени режи ­ми во Јужна Америка, Шпанија, Португалија и Грција, како и пад на комунистичките режими во светот.Арапската пролет, пак, доведе до пад на авторитарни режими во текот на XXI век. Меѓутоа, посебно падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година беше доживеан како побе ­да на демократијата над недемократските системи. Сигнал за таква ­та победа беше и тоа што ваквите посткомунистички и поставтори ­тарни држави по падот на нивните недемократски режими започнаа со процес на демократизација, односно транзиција од авторитари ­зам кон либерална демократија. Граѓаните во посткомунистичките и поставторитарните држави со ентузијазам влегоа во процесот на градење на демократијата во нивните општества, очекувајќи систем заснован врз уставно-ограничена власт, владеење на правото, чове ­кови права и слободи, фер, слободни и плурални избори, цивилно општество и економски прогрес. Меѓутоа, градењето на демократско општество во посткомунистичките и поставторитарните држави се покажа како долг и макотрпен процес. Зборот транзиција, наместо светла иднина, започна да симболизира сивило и неизвесност. Така, наместо консолидирани демократски општества, голем дел од по ­сткомунистичките и пострепресивните општества во потрагата по демократија завршија со корупција, слаби и нефункционални ин ­ституции, партизација на државните институции, фрагилно цивил ­но општество, повреди на човековите права и слободи, воени кон ­фликти и лоша економска состојба. Токму затоа, ентузијазмот за де ­мократијата во ваквите општества беше заменет со разочараност и чувство на изгубени години(транзиција). Таквата разочараност кај граѓаните од посткомунистичките и постав ­торитарните држави доведе до нов подем на авторитаризам, но овој пат познат под терминот хибридни режими. За ваквите системи, по ­крај терминот хибридни режими, често може да се сретнат и зборо ­вите илиберални демократии, како и компетитивен авторитаризам. Станува збор за режими кои се наоѓаат во сивата зона меѓу демократ ­ските системи и класичните недемократски режими, бидејќи власти ­те се избираат демократски по пат на избори, но нивното владеење се одликува со слаби институционални кочници и рамнотежа, како и со рутинско заплашување на опозициските сили. 63 Ваквите режи ­63  Heywood, Politics Fifth Edition, 123.