Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 185 1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОИМОТ ИДЕОЛОГИЈА Идеологијата има голема улога при поставување на основата за организирана политичка акција и мобилизирање на пошироките народни маси. Политичката активност без идеолошка рамка би била бесмислена. 1 Токму идеологиите даваат смисла и дух на по литиката и придонесуваат истата да не биде сведена на гола борба за моќ. Зад секоја идеологија стојат збир на различни идеи, вредно сти, верувања и ставови околу тоа како треба да биде организирано општеството. Поимот идеологија најчесто се дефинира како збир на идеи, кои даваат основа за политичка акција, без разли ка дали таквата политичка акција е наменета за зачуву вање, менување или, пак, соборување на постојниот по литички поредок. 2 КЛУЧНИ ПОЕНТИ Идеологија е збир на идеи кои даваат основа за политичка акција, без разлика дали таквата политичка акција е наменета за зачувување, менување или, пак, соборување на постојниот политички поредок. Секоја идеологија преку својот збир на идеи, вредности, верувања и ставови се труди да даде одговор на три важни прашања, и тоа: ■ Опис на постојниот поредок, обично изразен како поглед на светот; ■ Визија како општеството и политичкиот поредок треба да изгледаат; ■ Објаснување со кои чекори таквите политички промени ќе се реализираат за да биде постигнат посакуваниот политички поредок. 3 Вака поставен, денес, поимот идеологија во рамките на политичка та наука се набљудува неутрално. Сепак, низ историјата идеологијата секогаш била предмет на кон троверзии и различни дефинирања. Пред Француската буржоаска револуција светот претставувал ед нолично место за живот во поглед на политичките идеи. Повеќе од 1 Ian MacKenzie,„The meaning of ideology“, In Political Ideologies: An Introduction – Fourth Edition, ed. Vincent Geoghegan and Rick Wilford(New York: Routledge, 2014), 14. 2 Andrew Heywood, Politics – Fourth Edition(London: Palgrave Macmillan, 2013), 28. 3 Ibid. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Зад секоја идеологија стојат збир на идеи, вредности, верувања и ставови околу тоа како треба да биде организирано општеството.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten