Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

190 ГЛАВА 6 ИДЕОЛОГИJА АВТОРИ Џон Лок /John Locke/ (1632-1704) е англиски филозоф и физичар. Теоретичар кој се поврзува со просветителството и теоријата за општествен договор. Познат е по неговата теорија за природни права според која луѓето се раѓаат со природни и неотуѓиви човекови права и слободи. Токму затоа, за голем број теоретичари Џон Лок претставува татко на либерализмот. Негови најпознати дела се:Писмо за толеранцијата иДве расправи за владата. повеќе различни идеологии. 13 Таквата флуидност, воедно e одгово ­рот зошто политичките идеологии поседуваат капацитет за прила ­годување на нивните идеи, ставови и вредности на новонастаната политичка реалност. 14 КЛУЧНИ ПОЕНТИ Либералната идеологија се поврзува со следниве вредности: слобода, индивидуализам, ограничување на власта, верба во разумноста на човекот, толеранција, еднаквост (правна и политичка). 2. ЛИБЕРАЛНА ИДЕОЛОГИЈА Во рамките на политичката наука не постои друга идеологија којашто извршила толку големо влијание врз организирањето на со ­времените општества во светот, како либералната теорија. Таквата констатација особено се однесува на општествата кои припаѓаат на западната цивилизација. Без никаква дилема, либералната идео ­логија претставува најмоќната идеолошка сила која ја обликувала западната политичка традиција. 15 Либералната идеологија ги опфаќа теориите за: природните пра ­ва(Џон Лок); општествениот договор(Томас Хобс, Џон Лок, Жан Жак Русо); поделбата на власта(Монтескје); владеењето на правото (Алберт В. Дајси), итн. Оттука е разбирливо што оваа идеологија е толку длабоко вкоренета во културниот, економскиот и политич ­киот систем на западните општества што во овие општества е мно ­гу тешко да се разграничи каде завршува либералната идеологија, а каде почнува западниот начин на живот. 16 Токму затоа, либералната 13  Heywood, Political Ideologies: An Introduction Sixth Edition, 42. 14  Michael Freeden,The Morphological Analysis, In The Oxford Handbook Of Political Ideologies, ed. Michael Freeden, Lyman T. Sargent and Marc Stears(Oxford: Oxford University Press, 2013), 178. 15  Heywood, Political Ideologies: An Introduction Sixth Edition, 61. 16  Andrew Shorten,Liberalism, In Political Ideologies: An Introduction Fourth Edition, ed. Vincent Geoghegan and Rick Wilford(New York: Routledge, 2014), 20.