Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 201 АВТОРИ Едмунд Бeрк /Edmund Burke/ (1729-1797) е англиски и ирски филозоф кој е инспирација за припадниците на конзервативната идеологија. Важел за голем поддржувач на Американската револуција, но и голем критичар на Француската буржоаска револуција за која сметал дека ги повредува природните текови на историјата и традиционалните институции, па затоа истата ќе заврши лошо, со терор и тиранија. Важи за голем поддржувач на идејата дека промените и прилагодувањата треба да се прават за да се зачува постојното. Бил пратеник и во рамките на Домот на комуни. 3. КОНЗЕРВАТИВНА ИДЕОЛОГИЈА За конзервативната идеологија, слично како и за либералната идео ­логија, почнува поинтензивно да се пишува и говори по Француската буржоаска револуција. 44 Борците за зачувување на стариот режим и противниците на промени предизвикани од Француската буржо ­аска револуција биле нарекувани конзервативци и на нив се гледа ­ло негативно. Сепак, конзервативната идеологија набргу успеала ваквото негативно значење да го отфрли од себе. Таквата промена во рамките на општествените науки дошла под влијание на тран ­сформацијата на самиот конзервативизам од идеологија која е про ­тивник на промените во општеството, во идеологија која размислу ­ва како да се обликуваат промените. 45 Така, конзервативната идео ­логија набргу по првичното негативно значење почнува да се мену ­ва и да го брани ставот дека не е против промени, туку дека е против радикални промени. За оваа идеологија радикалните промени кои целосно го менуваат нормалниот тек на работите и предизвикуваат повреда на традиционалните институции во општествата се лоши промени бидејќи водат кон тотален хаос и, на крајот, до општест ­вена, политичка и економска состојба далеку полоша отколку пред почетокот на промените. Затоа, според конзервативната идеологија треба да се владее со помош на еволуциската адаптација , 46 а проме ­ните да се спроведуваат со цел постојниот поредок да се заштити од дополнителни нарушувања . 47 КЛУЧНИ ПОЕНТИ Основна карактеристика на конзервативната идеологија е сфаќањето за несовршеноста на човековата природа. За да се избегне неговата несовршеност, човекот треба да следи насоки и правила коишто произлегуваат од: традицијата, обичаите, религијата и авторитетите. 44  Heywood, Politics Fourth Edition, 34. 45  Stefan Andreasson,Conservatism, In Political Ideologies: An Introduction Fourth Edition, ed. Vincent Geoghegan and Rick Wilford(New York: Routledge, 2014), 48. 46  Robert Eccleshall,Djelo Konzervativizma, In Politicke Ideologije: Novi Prikaz, ed. Michael Freeden(Zagreb: Algoritam, 2006), 102. 47  Andreasson,Conservatism, 49.