Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

208 ГЛАВА 6 ИДЕОЛОГИJА АВТОРИ Карл Маркс /Karl Marx/ (1818-1883) е роден во Германија. Тој е германски филозоф, историчар, политички економист и најзначаен претставник на социјалистичката и комунистичката идеологија. Негови најпознати дела се:Манифест на комунистичката партија(1848 година) иКапитал(1867). Манифест на комунистичката партија Карл Маркс го пишувал со Фридрих Енгелс и служи како платформа за функционирање на Комунистичката лига. Ова дело е познато по зборовите:Работници од целиот свет обединете се. Во делотоКапитал, пак, Карл Маркс врши анализа на функционирањето на капитализмот, неговата динамика и неговата тенденција кон кризи и самоуништување. Станува збор за една од најдобрите анализи на функционирањето на капитализмот, која е актуелна и денес. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Социјалистичката идеологија е директно поврзана со работничката класа и претставува голем критичар на капитализмот. Еднаквоста претставува централен елемент во рамките на социјалистичката идеологија (еднаков исход, а не еднакви можности). 4. СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА Во рамките на политичката наука често може да се сретне ставот дека историјата на социјализмот е стара исто колку што е стара и историјата на човештвото. 64 И, навистина, идејата за еднаквост, како централна идеја на социјалистичката идеологија, како и пот ­рагата по похуман свет, секогаш биле атрактивни за филозофите, теоретичарите и практичарите. Исус Христос е првиот социјалист во човековата историја бидејќи е првиот кој започнал да трага по подобар живот за човештвото. Михаил Горбачов Корени на социјалистичката идеологија може да се најдат во раз ­личните историски епохи, сепак, социјалистичката идеологија е производ најмногу на периодот за време на, и по Француската бур ­жоаска револуција. 65 Најголемо влијание врз развојот на социјалистичката идеологија имале Карл Маркс и Фридрих Енгелс . Сепак, социјалистичката идеологија доживеала бурен развој по смртта на Карл Маркс. 64  Anthony Wright,Social Democracy and Democratic Socialism, In Contemporary Political Ideologies, ed. Roger Eatwell and Anthony Wright(London: Pinter Publishers, 1993), 79. 65  Vincent, Modern Political Ideologies Third Edition, 84.