Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 215 5. КОМУНИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА Токму комунистичката идеологија говори за укинување на капита листичката економија по пат на револуција и нејзино заменување со социјалистичко бескласно општество засновано врз заедничка сопственост. Тука веднаш треба да се потенцира дека Карл Маркс и Фридрих Енгелс покрај тоа што се највлијателните автори во рам ките на социјалистичката идеологија тие, воедно, се и најважните претставници на комунистичката традиција на социјалистичка та идеологија. При поставување на темелите на социјалистичката идеологија, Карл Маркс и Фридрих Енгелс потенцираат дека целата историја на човештвото е историја на класна борба. 83 За Маркс и Енгелс крајот на класната борба ќе дојде со воспоставу вање на социјалистичко општество, односно бескласно општество засновано врз заедничка сопственост, познато како комунизам. 84 Таквите промени, според Маркс и Енгелс, не може да дојдат по мирен и еволутивен пат бидејќи владејачката класа ќе направи сè што е во нејзина моќ да ги спречи промените. 85 Токму затоа, Маркс и Енгелс сметаат дека промените може да дојдат единствено по пат на рево луција предводена од работничката класа. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Комунистичката идеологија смета дека до бескласно општество не може да се дојде на мирен начин и дека бескласното општество ќе биде создадено преку: пролетерска револуција, диктатура на пролетеријатот (укинување на демократијата, воведување на еднопартиски систем и тоталитарна држава) и планска економија (укинување на пазарот и приватната сопственост). REVOLUTION Слика 23. идеологија смета дека создавањето на бескласно општество е можно само по пат на револуција. 86 83 Brown,„Communism“, 480. 84 Heywood, Political Ideologies: An Introduction – Sixth Edition, 191. 85 Geoghegan,„Socialism“, 78. 86 Сликата е од@freepik на Freepik.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten