Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

218 ГЛАВА 6 ИДЕОЛОГИJА партии со помош на тајните полиции. Таквата состојба, дополнета со нефункционалностa на планската економија, придонела за го ­лем колапс на комунистичките режими во светот, во 1989 година. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Социјалдемо­кратската идео­логија останува посветена на репрезентатив­ната демокра­тија и говори за реформирање и хуманизирање на капитализмот преку: создавање на мешан модел на економија, ко­ристење на Кејн­зијански страте­гии за државна интервенција, стимулирање на економски раст и одржување на целосно врабо­тување, како и преку редистри­буција на богат­ството со помош на прогресивното оданочување. Слика 25. влијание на СССР, во периодот по Втората светска војна идеите на комунистичката идеологија биле поинтензивно имплементирани во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Сепак, имплементирање­то на овие идеи не довело до формирање на бескласно општество. 6. СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ИДЕОЛОГИЈА Социјалдемократската идеологија произлегува од социјалистичка ­та идеологија, а во текот на XX век развила сопствен збир на јасни и кохерентни идеи, ставови, вредности и верувања. Како таква, со ­цијалдемократската идеологија настојува да овозможи баланс меѓу пазарот и државата, како и баланс меѓу индивидуата и заедницата. 91 Социјалдемократската идеологија целосно останува посветена на репрезентативната демократија, 92 а моќта на државата треба да се искористи за остварување на поголема ефикасност, еднаквост и со ­цијална правда. 93 Во таа насока, социјалдемократската идеологија на државата гледа како на неутрален апарат кој може да биде осво ­ен преку принципите на репрезентативната демократија, со цел да се оствари поголема општествена и економска еднаквост. 94 91  Heywood, Politics Fourth Edition, 43 92  Jackson,Social Democracy, 458. 93  Vincent, Modern Political Ideologies Third Edition, 91. 94  Vincent, Modern Political Ideologies Third Edition, 104.