Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 229 8. ФАШИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА Фашистичката идеологија претставува идеологија која предизвика најголемо зло во историјата на човештвото. Станува збор за идеоло гија која имала голема улога во предизвикувањето на Втората свет ска војна, но и идеологија под чија насока милиони луѓе завршиле во затвори, логори и смрт. Тоа е идеологија која на рационaлизам одговара со ирационализам; на демократија со тоталитаризам; на мир со војна; на еднаквост со елитизам, хиерархија и расизам . КЛУЧНИ ПОЕНТИ Фашистичката идеологија на рационaлизам одговара со ирационализам, на демократија со тоталитаризам, на мир со војна, на еднаквост со елитизам, хиерархија и расизам. Слика 36. идеологија значи: војна, ирационализам, расизам, ксенофобија, елитизам и тоталитаризам. 127 Како таква, фашистичката идеологија добила простор за практична примена во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, како и за време на Втората светска војна. Тоа наведува определени теоретича ри да сметаат дека фашизмот претставува идеологија која има мало, или воопшто нема значење надвор од воениот период. 128 Таквите оп тимистички ставови се на позиција дека фашистичката идеологија била одраз на политичко-економски состојби во текот на првата поло вина на XX век и дека истата е надмината. Сепак, постојат и теорети чари кои сметаат дека колапсот на фашистичките режими во Втората светска војна не е крајот на фашистичката идеологија и дека идеи те на фашистичката идеологија и денес се присутни во политичката 127 Сликата е од@copperpipe на Freepik. 128 Vincent, Modern Political Ideologies – Third Edition, 139.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten