Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 237 Вака поставена, фашистичката идеологија, посебно преку идејата за доминација на највисоката раса, но и преку глорификувањето на конфликтите и војната, предизвикала големи злосторства во XX век. Голем број теоретичари велат дека фашистичката идеологија не може да се разгледува без анализа на општествените, политичките и еко номските фактори кои довеле до нејзината појава. Појавата на фашис тичката идеологија се поврзува со револтот кон крвопролевањата во Првата светска војна, политичката нестабилност од отфрлањето на монархиите и воведувањето на фрагилни демократски институции по Првата светска војна, но и страв од ширењето на Болшевизмот, како и огромната невработеност, инфлација и рецесија предизвикани од големата економска криза во меѓувоениот период. Веројатно, ваквиот општествен, политички и економски хаос е главната причина зошто голем број европски граѓани во овој период одлучиле паролата: слобо да, еднаквост и братство да ја заменат со паролата: ред, авторитет и правда . Најголем дел од теоретичарите сметаат дека веењето на вак вата парола е ужасна епизода од човековата историја која повеќе нема да се повтори. Но, реалноста говори дека во последната деценија во ев ропските општества ваквата парола повторно станува актуелна преку подемот на радикално-десничарските политички партии и движења. Слика 44. од расистички настани и пораки во: САД, Австралија и Јужноафриканска Република. 9. ИДЕОЛОГИЈА Почнувајќи од 80-тите години на XX век, а посебно по падот на Берлинскиот ѕид, во државите од Западна Европа започнаа да се јавуваат голем број партии, кои на идеолошката оска се лоцира ат крајно десно и се поврзуваат со радикални и екстремистички вредности. Ваквите политички партии се поврзуваат со радикал но-десничарската идеологија. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Радикалнодесничарската идеологија започнува интензивно да се развива во 80тите години на XX век и истата се претставува како глас на обичниот народ кој говори против мигрантски процеси, европска интеграција и глобализација.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten