Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 241 Исто така, радикално-десничарската идеологија говори против про цесите на глобализацијата. Антиглобализмот е едно од обележјата на оваа идеологија. За приврзаниците на оваа идеологија глобали зацијата претставува зло, наметнато од надвор. 154 Според нив, гло бализацијата е опасност за националниот идентитет и култура. Радикално-десничарската идеологија станува атрактивна за граѓани те на европските држави во периоди на криза на умерените идеологии, засилена европска интеграција, зголемен број на имигранти и економ ска криза. Притоа, радикално-десничарската идеологија успева да се оддалечи од фашистичката идеологија за да одбегне нејзино поисто ветување со оваа озлогласена идеологија, но во исто време, успева да се поврзе со позициите на национализмот, догматизмот, ригидноста, ексклузивноста, авторитарноста, расизмот и ксенофобијата. 10. ФЕМИНИЗАМ Улогата и положбата на жената во општеството секогаш биле пред мет на интерес на религијата, филозофијата, социологијата, но и на политичката наука. За жал, во најголем дел од човековата исто рија доминирале идеите дека жената и мажот не се еднакви и дека жената треба да биде подредена на мажот. Тоа довело до угнету вање и доминација на мажот над жената. Таквата состојба пред извикала идеи, ставови, верувања кои укажуваат на потребата од подобрување на положбата на жената и нејзина еднаква улога во општеството со мажот. Токму тоа е основата на феминистичката идеологија. Станува збор за идеологија која укажува на потребата од укинување на дискриминацијата и угнетувањето на жените пре ку промовирање на улогата и еманципираноста на жената во сите сфери на општеството. 155 Во рамките на феминистичката идеоло гија постојат различни пристапи во поглед на природата, причини те и решението за нееднаквоста на жените во општествата. 156 Тоа говори дека феминистичката идеологија не е статична идеологија, туку постојано се менувала, но секогаш нејзина централна тема била подобрување на положбата на жената, односно идејата за ед наквост меѓу жената и мажот . КЛУЧНИ ПОЕНТИ Централна тема на феминистичката идеологија е подобрување на положбата на жената, односно идејата за еднаквост меѓу жената и мажот. 154 Florian Hartleb, After Their Establishment: Right – wing Populist Parties in Europe (Brussels: The Centre for European Studies, 2011), 37. 155 Vincent, Modern Political Ideologies – Third Edition, 165. 156 Valerie Bryson,„Feminism“, In Contemporary Political Ideologies, ed. Roger Eatwell and Anthony Wright(London: Pinter Publishers, 1993), 192.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten