Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 247 и дека таквата борба навистина претставува најдолга револуција во историјата на човештвото. Револуција која, конечно, треба да дове ­де до тоа жените, заедно со мажите, рамноправно да го креираат светот, а не само да бидат дел од машкиот свет. 11. ЗЕЛЕНА ИДЕОЛОГИЈА Модерниот свет, речиси, секојдневно се соочува со проблемот на: оште ­тувањето на озонската обвивка; неконтролираното сечење на шумите; напливот на пластика во океаните; топењето на мразот на северниот пол; истребувањето на разни животински видови и зголемувањето на температурата на планетата Земја. Денес, екологијата претставува круцијален дел од глобалната дебата. 174 Таквата реалност сосема ло ­гично предизвикала појава и на зелена идеологија, како протест про ­тив преголемото загадување на животната средина(природата). OUR EARTHS CLIMATES STOP PLASTIC POLLUTION КЛУЧНИ ПОЕНТИ Зелената идеоло­гија е идеологија која говори за заштита на жи­вотната средина, екоцентризам, еколошка етика и систем базиран врз принципите на одржливост, а говори против индустријализа­цијата, конзуме­ризмот и мате­ријализмот. SAVE THE ECOSYSTEM STOP AIR POLLUTION Слика 52. идеологија претставува протест против преголемото загадување на животната средина(природата). 175 Меѓутоа, зелената идеологија се јавува уште во XIX век, при појава на процесот на индустријализација. Токму низ процесот на индус ­тријализација започнува системското експлоатирање на природни ­те ресурси на планетата Земја. Затоа, уште во XIX век се јавуваат 174  Vincent, Modern Political Ideologies Third Edition, 198. 175  Сликата е од@freepik на Freepik.