Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 265 1. ЗА ПОИМОТ НАЦИЈА Луѓето се мотивирани од различни идеологии и вредносно моќни концепти. Историски, се чини дека нема повлијателен концепт во обликувањето на политичката активност и во нејзиното мобилизи ­рање, од концептот нација. Дефинирањето на концептот нација претставува вистински предиз ­вик. Дополнителна тешкотија во дефинирањето е неговата честа употреба, од една страна, како и толку широко прифатената идеја за нацијата, од друга страна, што резултира со мешање на оваа ка ­тегорија со голем број други категории, како држава, етничка група, татковина, раса, итн. Терминот нација потекнува од латинскиот збор nasci , со значење да се родиш. Во своето изворно значење нација претставува заед ­ница на луѓе од исто потекло. Сепак, ваквото дефинирање на пои ­мот нација е неприфатливо заради неговата недоволна прецизност, која го оневозможува терминолошкото диференцирање на овој поим од поимите племе или народ. Едно теоретско становиште упатува на тоа дека за определувањето на поимот нација најсоодветна е употребата на историскиот метод, бидејќи се смета дека самата категорија нација е историски произ ­вод. Зачетоците на концептот нација треба да се бараат во Западна Европа, во периодот на Реформацијата во XVI и XVII век. Така, на ­цијата постепено се вообликува во периодот на апсолутните монар ­хии како централизирани држави. Имено, создавањето на центра ­лизираната суверена државна власт резултирало со формирање за ­еднички стопански, политички и културни интереси во границите на една единствена држава и територија. Историски, концептот се обликува во периодот на индустриските и капиталистичките рево ­луции од XVIII и XIX век. Се смета дека капиталистичкиот начин на производство и создавањето на правно слободни поединци кои не се врзани за земјата, биле процеси кои ја разбиле сталешката поде ­леност и го забрзале процесот на формирање на нацијата. 1 Нацијата настанува тогаш кога народот станува носител на суверенитетот. Примената на историскиот метод упатува на настанокот на нација ­та во време кога народот станува носител на суверенитетот, однос ­но кога народот станува политички чинител што најсоодветно се огледа во институциите на народното претставништво и државјан ­ство, како и активното јавно мислење. 1  Мала енциклопедија, Просвета. Том 2. Четврто издање. Београд. 1986, стр. 762. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Терминот нација потекнува од латинскиот збор nasci да се родиш. Во своето изворно значење нација заедница на луѓе од исто потекло. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Зачетоците на концептот нација треба да се бараат во Западна Европа, во периодот на Реформацијата во XVI и XVII век.