Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 267 Патриотизам (лат. Patria татковина) претставува чувство на лојалност, психолошка поврзаност кон одредена нација. Љубов кон определена земја. Доколку национализмот има доктринарен карактер и упатува на нацијата како основно начело на политичка организација, патриотизмот влева емоционален набој и уверување за тоа. Двата термина не се синоними. 2. КАКО КУЛТУРНА ЗАЕДНИЦА Примарниот поим на нацијата се поистоветува со идејата за на ­цијата како етнички или културен идентитет. Наведеното ста ­новиште се темели врз постулатот дека нацијата претставува ори ­гинерна творба која се создала во минатото, има историски корени и чии обележја го овозможуваат нејзиното опстојување сè додека опстојува и општеството. Нацијата како културна заедница може да се дефинира врз основа на три почетни постулати: Природното опкружување климата и географијата(релјефот) влијаат врз: начинот на живот, работните навики и креатив ­ните предиспозиции на луѓето(географски детерминизам); Јазикот како директно отелотворување на традицијата и ко ­лективната меморија; Духот на народот (Volksgeist) идентитетот на народот изра ­зен во: песните, митовите, легендите. 5 На овие елементи може да се додаде и чувството за припадност, заради стекнување на сигурност и потребата од идентификација. Имено, поделбата на нациите, во својата суштина ја одразува при ­родната наклонетост на луѓето да се поврзуваат со останатите луѓе чија: култура, потекло и начин на живот им се блиски. 6 Сепак, сите фактори, како: заедничкиот јазик, единствената те ­риторија, етничката поврзаност и духовната поврзаност, се смета 5  Patten Allen.The Most Natural State: Herder and Nationalism. Prinston University 2010, стр. 11-12. 6  Hejvud Endru. Politika. Clio. 2002, стр. 207. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Патриотизам (лат. patria татковина) претставува чувство на лојалност, психолошка поврзаност кон одредена нација. Љубов кон определена земја. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Идејата за нацијата како етнички или културен идентитет се темели врз постулатот дека нацијата е оригинерна творба која се создала во минатото, има историски корени и чии обележја го овозможуваат нејзиното опстојување сè додека опстојува и општеството.