278 ГЛАВА 7 НАЦИJА И НАЦИОНАЛИЗАМ Најзначајните интеграциски процеси се остваруваат преку наведе ните потсистеми: 1) Политички(пот)систем – политичка интеграција(се оствару ва со помош на: политичките организации, политичките пар тии, власта, изборниот систем, политичкото и територијално обединување); 2) Економски(под)систем – економска интеграција(се остварува со развојот на: економските односи, слободниот пазар, прет приемништвото, конкуренцијата, економска хомогенизација на земјата); 3) Културен(под)систем(се остварува со: развојот на образо ванието, писменоста, развојот на јазикот, организацијата на културни и научни институции); 4) Општествена интеграција(се остварува со почитувањето и заштитата на човековите права и слободи и остварувањето на: слободата, еднаквоста, правдата и останатите вредности врз кои се темели општеството). 16 На тој начин, нациите и граѓанското општество претставуваат ком патибилни историски творби. Тие зависат една од друга и не можат да се остваруваат и развиваат една без друга. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Национализмот е доктрина според која нациите имаат право на самоопределување. 4. НАЦИОНАЛИЗАМ Национализмот претставува современа доктрина и една исклу чително моќна идеологија и потентна сила. Во нејзината суштина е вткаена идејата дека нациите треба да го поседуваат правото самостојно да ја определуваат својата судбина и самостојно да се управуваат. Имено, национализмот како клучна идеологија на XX век претставува доктрина според која нациите имаат право на самоопределување. Разгледуван од овој аспект, национализмот претставува една уни верзална идеја, иако секоја одделна нација е единствена и поседува свои објективни и субјективни фактори кои ја определуваат. Принципот на самоопределување и правото на нациите самостој но да се управуваат претставува моќна и многу влијателна идеја низ севкупниот период на XX век. Со распадот на Отоманската 16 Korunic Petar. Porijeklo i integracija nacije kao znanstveni problem. Etnicki razvitak. Filozofski fakultet, Zagreb. 1997, стр. 158-162.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten