Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 301 одлуките. Учеството, односно партиципацијата на граѓаните, под разбира преземање на различни активности и употреба на најраз лични механизми и инструменти, со кои граѓаните се вклучуваат во процесот на донесување на одлуки од јавно значење и на тој начин непосредно влијаат врз квалитетот на својот живот во рам ките на некоја потесна или поширока општествена заедница. 2. НА ПРАВОТО КАКО МЕТА-ПРАВНА ДОКТРИНА Сфаќањето за владеење на правото како идеал и мета-правна док трина е теоретско становиште на Фридрих Хаек, а во својата сушти на се темели врз становиштето на Алберт Дајси. Ова сфаќање от стапува од класичното позитивистичко гледиште за владеењето на правото, како идеја за законитост и ограничување на државната власт со позитивното право. Имено, овој концепт на владеење на правото не ги исклучува овие постулати, но смета дека тие сами по себе истиот не можат да го обезбедат. Во таа смисла, концептот на владеење на правото се доближува до конституционализмот, и како услов наметнува ограничување на сите гранки на власта, вклу чително и на законодавната власт. А) Ова становиште за владеење на правото, првично ја наметнува по требата за ограничување на законодавната власт. Законодавната власт, секако е ограничена со уставот. Уставните одредби можат значително да ја отежнат повредата на принципот на владеење на правото. Уставните норми можат„да спречат намерни повреди преку редовната работа на законодавното тело“, но можноста за конодавецот да укине некој закон или повторно донесе или менува определен закон со кој владеењето на правото ќе биде повредено, секогаш останува. Затоа, суштината на принципот на владеење на правото претставува еден политички идеал и мета-правно прави ло за тоа каков треба да биде законот . 13 Законот не смее да биде производ на слободна интервенција на законодавецот. Ваквото становиште дополнително го отежнува утврдувањето на критериумите врз чија основа може да се оценува, дали се исполнува и почитува владеењето на правото, или не. За ова да го олесни, Хаек посочил неколку критериуми. Имено, најважните КЛУЧНИ ПОЕНТИ Концептот на владеење на правото како метаправна доктрина се доближува до конституционализмот и како услов наметнува ограничување на сите гранки на власта, вклучително и на законодавната власт. 13 Ф. А. Хајек,„Право, законодавство и слобода“,„Службени лист на СРЈ“, Београд, ЦИД, Подгорица, 2002, стр. 181.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten