Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 309 1. НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ВЛАСТА ЗА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ Кога се зборува за организација на власта, најчесто се подразбираат односите кои постојат меѓу органите на: законодавната, извршната и судската власт. Односите меѓу законодавната и извршната власт се суштински за секој политички систем. Тие односи, од кои зависи типот на организација на власта, се детерминирани од уставната поставеност на институциите, но и од политички и други надворешни фактори. Уставот на секоја земја го утврдува: односот на органите на зако ­нодавната и извршната власт, нивните овластувања, должности и можности за меѓусебно влијание. Тој однос во уставите најчесто е хоризонтално поставен, како однос на меѓу себе еднакви гранки на власт, меѓу кои постои поделба на власта. Ретко односите меѓу зако ­нодавната и извршната власт се засноваат врз начелото на единство на власта. Но, и системите кои се засновани врз начелото на поделба на власта, меѓу себе се разликуваат, според тоа дали постои строга или флексибилна поделба на власта, односно според степенот на им ­плементирање на организациската и функционалната независност. Строга поделба на власта има кај претседателскиот систем, во кој постои: Организациска независност меѓу органите на власта, однос ­но тие не произлегуваат едни од други, односно не се избира ­ат едни од други(на пример: ниту конгресот го избира претсе ­дателот, ниту претседателот може да го распушти конгресот). Функционална независност меѓу државните органи, однос ­но секој од овие органи во вршењето на своите надлежности е самостоен и кога ниту еден друг орган нема право да се меша во нивното вршење, кога ниту еден орган нема право да ги укинува актите кои тој ги донел и нема право да му дава за ­должителни упатства за работа. Флексибилна поделба на власта постои во парламентарниот и во мешовитиот (полупретседателски) систем кои се засновани врз наче ­лото на поделба на власта, но каде постојат одредени елементи на: Организациона зависност меѓу државните органи(како, на при ­мер: парламентот ја избира владата, во парламентарните системи, кои не се монархии, парламентот го избира и шефот на државата); КЛУЧНИ ПОЕНТИ Поделбата на власта може да е строга и флексибилна.