Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 315 систем е резултат на фактот дека тоа е основа за разликување од претседателскиот систем, во кој постои поголема функционална независност на двете гранки на власт. Исто така, во парламентар ­ните системи, гранките на власт се принудени да соработуваат меѓу себе. И во тој поглед постои разлика од претседателските системи. Додека парламентарните системи ја зајакнуваат соработката, прет ­седателскиот систем ја охрабрува независноста. 6 Постојат и дефи ­ниции кои под парламентарен систем подразбираат систем на фле ­ксибилна поделба на власта во кој постои политичка одговорност на владата пред парламентот. Од гледиште на одговорноста, сушти ­ната на парламентарниот систем се изразува со формулата: 7 Политички неодговорен шеф + Политички = на држава одговорна влада Парламентарен систем Слика 5. Суштината на парламентарниот систем од аспект на одговорноста. Значи, парламентарниот систем се определува како систем во кој законодавната власт има право да ја контролира работата на де ­лотворниот дел на извршната власт владата. Парламентарниот систем е создаден во Англија(mater parlamentorum). Освен во Англија, односно Обединетото Кралство, доследност во примената на парламентарниот систем се забележу ­ва и во Јапонија и Италија. Парламентарниот систем низ историјата, а и денес, се јавува во повеќе облици во: Белгија, Холандија, Канада, Индија, Германија, и др., како резултат на различните околности во кои се развивал. И во Обединетото Кралство, парламентарниот сис ­тем се менувал и еволуирал, од моментот на настанување, до денес. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Англија е родно место на парламентарниот систем. 2.2. ОБЕЛЕЖЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ СИСТЕМ Парламентарниот систем се карактеризира со повеќе обележја, кои се земаат како елементи за негово дефинирање. За парламентарни ­от систем е карактеристично постоењето на флексибилна поделба на власта во која законодавната и извршната власт се рамноправ ­ни меѓу себе, имаат свој делокруг на работа, но меѓу нив постои 6  José Antonio Cheibub and Fernando Limongi,Legislative-executive relations, во: Tom Ginsburg and Rosalind Dixon(eds.),Comparative Constitutional Law, Edward Elgar, Cheltenham, UK, Northampton, MA, USA. 2014, стр. 215. 7  Miodrag Jovičić,Odgovornost nosilaca javnih funkcija, Beograd. 1968, стр. 167. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Парламентарни­от систем е заснован на флексибилна поделба на власта.