342 ГЛАВА 9 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА Диспозитивни карактеристики на полупретседателскиот систем се: 62 1. Во него постои шеф на држава и премиер(тоа е различно од претседателски и собраниски систем). 2. Претседателот се избира од граѓаните на непосредни избори, а премиерот се именува од страна на претседателот, при што тој мора да води сметка премиерот да ја ужива поддршката на парламентот. 3. Претседателот се избира за фиксен термин(во Франција за 5 години, со можност за еден реизбор). Претседателот може да го распушти Националното собрание. 4.2. ПОЛОЖБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФРАНЦИЈА Претседателот на Франција е гарант на: националната независност, интегритетот на територијата, почитувањето на спогодбите на за едницата и меѓународните договори. Тој треба да обезбеди почи тување на Уставот и редовно функционирање на јавните власти и континуитетот на државата. Има улога на арбитер при проблем во креирањето и спроведувањето на политиката од другите политич ки институции. Претседателот на државата има овластувања кои се изворно прет седателски и ги врши самостојно, но има и овластувања за чија ва лидност му е потребен потпис од премиерот или од надлежен ми нистер(премапотпис). Претседателот го именува премиерот . Ова овластување го врши самостојно, но„рацете не му се целосно одврзани“, туку треба да води сметка за парламентарното мнозинство бидејќи Владата е од говорна пред Парламентот. Во периодите кога шефот на државата и мнозинството во Парламентот се од иста политичка партија, прет седателот има, речиси, апсолутна слобода во изборот на премиерот. Од друга страна, претседателот не може по своја волја да го разре ши премиерот. Тој го разрешува само кога премиерот ќе му поднесе оставка. Но, имајќи предвид дека претседателот претседава со сед ниците на Министерскиот совет и ги потпишува неговите акти, тој може да одбие да ги потпише тие акти(„штрајк на перото“) и со тоа 62 Justin Orlando Frosini,„Forms of state and forms of government“, во: Guseppe Franco Ferrari(ed.),“Introduction to Italian Public Law“, Milano. 2022, стр. 54-55.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten