Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

344 ГЛАВА 9 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА 4.3. ПОЛОЖБАТА НА ВЛАДАТА ВО ФРАНЦИЈА Владата е орган на извршната власт во Франција кој ја утврдува и води политиката на земјата. Членовите на Владата не може да би ­дат во исто време и пратеници. Владата држи два вида седници, и тоа на Министерскиот совет, со кои претседава претседателот на Републиката и на Советот на кабинетот, со кои претседава преми ­ерот. Министерскиот совет одлучува за начелни и важни прашања од водењето на политиката. На седниците на Министерскиот со ­вет, претседателот на Републиката има можност да се обрати до Владата и да ја трасира насоката на владините активности по од ­редени прашања, а во случај на кохабитација, да го искаже своето несогласување со одредени владини проекти. 65 Слика 18. на Франција, Емануел Макрон, претседава со состанокот на Министерскиот совет одржан на 4 јули 2022 во Елисејската палата. Постоењето на Министерскиот совет, како и уставната положба на претседателот и Владата, покажува дека меѓу нив е неопходна соработка со цел да функционира извршната власт. Од моментот на создавање на Петтата Француска Република, па до 1986 година, претседателот на Републиката и мнозинството во Парламентот биле од иста политичка партија, па несомнено, претседателот на Републиката бил доминантен во однос на Владата, а премиерот се сметал за прв соработник на претседателот на Републиката. 66 Тој за својата работа бил одговорен не само пред Парламентот, туку и пред 65  F. Dreyfus and F. DArcy,Les institutions politiques et administratives de la France, Paris. 1993, стр. 123. 66  H. Taÿé,Le régime présidential et la France, Paris. 1967, стр. 259.