Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 349 за следната година. Сојузното собрание именува и потпретседател на Сојузниот совет за период од една година, со тоа што ист член не може да ја врши функцијата потпретседател во текот на две години едноподруго. Сојузниот совет: има право на законодавна иницијатива, се грижи за извршување на законите, одлуките и пресудите на Сојузниот суд, се грижи за меѓународните односи и безбедноста, управува со фи нансиите, и сл. Значи, извршната власт во Швајцарија е unicum во споредбеното право и системот ги има следните диспозитивни карактеристики: 74 1. Нема посебен шеф на држава и премиер, туку во еден орган ги комбинира позициите шеф на држава и Влада – како и САД, само со таа разлика што овде тој орган – Сојузниот совет е колегијален орган, за разлика од САД каде е индивидуален орган. 2. Сојузниот совет е избран од Парламентот, а не од граѓаните. 3. Нема гласање на недоверба на Сојузниот совет. Фиксниот тер мин од 4 години е сличен на претседателскиот систем, а разли чен од парламентарниот. 5.2. НА ЗАКОНОДАВНАТА И ИЗВРШНАТА ВЛАСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА Односите меѓу законодавната и извршната власт во Швајцарија се поставени врз принципите на организациона и функционална зависност. Организациона зависност значи дека извршната власт произлегу ва од законодавната власт, односно Сојузното собрание го имену ва Сојузниот совет. Гласањето за членовите на Сојузниот совет се врши тајно во двата дома на Собранието и тоа одделно за секој кан дидат. За избор е потребно апсолутно мнозинство. Значи, составот на Сојузниот совет не се гласа„во пакет“, како што е тоа случај со гласањето за составување на влада во другите земји во кои таа се избира во парламентот. Но, она што е специфично и, воедно, е отстапување од зависноста на Сојузниот совет од Собранието, е тоа што Собранието не може да го разреши Сојузниот совет, односно не може да биде поставено 74 Justin Orlando Frosini,„Forms of state and forms of government“, во: Guseppe Franco Ferrari(ed.),„Introduction to Italian Public Law“, Milano. 2022, стр. 51.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten