Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

356 ГЛАВА 10 ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ КЛУЧНИ ПОЕНТИ Изборите во едно демократско општество треба да бидат слободни, фер и периодично организирани, со гарантирање на општо, еднакво и тајно избирачко право. Избори се спроведувале и во периодот на Антиката, Римската им ­перија и Средниот век, но тие биле следени со голем број манипу ­лации и злоупотреби. Најчесто, таквите избори биле спроведувани со користење на ограничено(наместо општо), нееднакво, посредно и јавно избирачко право. Тоа покажува дека при користење на из ­борите постои можност истите да бидат и недемократски инстру ­ментализирани. 4 И, навистина, историјата е преполна со примери во кои недемократски лидери ги злоупотребувале изборите како политичка алатка за оправдување на нивното недемократско вла ­деење. 5 Меѓутоа, во вакви состојби изборите ја губат нивната цел и функција. Затоа, секогаш треба да се има предвид дека квалитетот на изборниот процес е многу побитен отколку формалното спрове ­дување на изборите. Денес, постои консензус дека изборите во едно демократско општество треба да бидат слободни, фер и периодично организи ­рани, со гарантирање на општо, еднакво и тајно избирачко право. 6 Изборите може да се квалификуваат како демократски само ако на изборите за едно претставничко место се натпреваруваат два или повеќе од два кандидата. 7 Во науката постои консензус дека избо ­рите во кои избирачите немаат можност да избираат меѓу различни кандидати, не може да се сметаат за демократски избори. Меѓутоа, до постигнување на ваквиот консензус не одело лесно дури и во де ­мократските општества, а во голем дел од државите во светот избо ­рите сè уште се далеку од демократските стандарди. 1.1. ИЗБИРАЧКО ПРАВО Избирачкото право е едно од основните и најстарите политички права на граѓаните кое се развивало заедно со демократскиот раз ­вој на општествата. 8 Токму преку избирачкото право се добива ин ­формација кои права и обврски граѓаните ги имаат за учество во из ­борниот процес. Заради тоа, поставеноста на избирачкото право во голема мера го определува квалитетот на изборите. Така, изборите 4 Matić i Podunavac, Politički sistem, 330. 5 Rod Hague, Martin Harrop and John McCormick, Comparative Government and Politics: An Introduction 10 th Edition(London: Palgrave, 2016), 282. 6 Andrew Reynolds, Ben Reilly and Andrew Ellis, Electoral System Design: The New International IDEA Handbook(Stockholm: Trydells Tryckeri AB, 2008), 14. 7 Pesić, Politički sistem, 218. 8 Pesić, Politički sistem, 214.