Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

366 ГЛАВА 10 ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ СИСТЕМИ КЛУЧНИ ПОЕНТИ Изборните модели најчесто се делат на: мнозински, пропорционални и мешовити. итн. 44 Сепак, се чини дека при креирањето на изборните системи посебно внимание привлекува која техника ќе се користи за прет ­ворање на гласовите во претставнички мандати, односно кој избо ­рен модел ќе се користи. Најчесто, во теоријата и праксата кога се пишува за изборни модели се прави разлика меѓу мнозински и про ­порционални изборни модели, но во последните неколку децении сè повеќе може да се сретнат и мешовитите изборни модели. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Мнозинскиот изборен модел посуштински започнал да се користи во Англија и истиот подразбира гласање за кандидат во едномандатни изборни единици. 3. МНОЗИНСКИ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ Иако примената на мнозинските изборни модели може да се за ­бележи и во Средниот век, сепак овој изборен модел започнал по ­суштински да се користи за избор на пратеници во Англија. Тоа е причината зошто првата асоцијација за мнозинските изборни мо ­дели најчесто се државите од англосаксонскиот свет. Кога се разгледува прашањето за мнозинските изборни модели тре ­ба да се има предвид дека станува збор за изборни модели во кои избирачите гласаат за кандидат , а не за партиски листи. Таквото гласање избирачите го вршат најчесто со заокружување на редниот број или ставање определен знак пред името и презимето на еден од кандидатите. Слика 8. изборни модели подразбираат гласање за кандидат (индивидуа), а не за партиски листи. 45 44 Matić i Podunavac, Politički sistem, 338-339. 45  Слика од@pch.vector на Freepik