Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 401 нема потреба да се анализираат остатоците, односно гласовите кои при првичното распределување останале неискористени. Овие примери откриваат дека користењето на различни квоти може да доведе до различни резултати и кога сите други параметри остануваат исти. Во наведениот случај, користењето на Харе квота та доведе до еден резултат, а користењето на Империјали квотата, до друг резултат. Споредба на распределба на мандати според Харе и Империјали квотата Распределба Конзервативна Лабуристичка Либерална на 5 мандати партија партија партија Радикална партија Освоени гласови 60.000 гласови 34.000 гласови 26.000 гласови 10.000 гласови Харе квота 2 1 1 1 Империјали 3 квота 1 1 0 Сето ова говори дека изборот на изборната квота или методот, игра голема улога во функционирањето на пропорционалните изборни модели и определувањето на изборните резултати. Користењето на Донтовиот метод или Империјали квотата, може да доведат до по мала пропорционалност на пропорционалните изборни модели, а преку тоа и кон елиминирање на малите политички партии. Од друга страна, Харе квотата ја максимизира пропорционалноста на пропор ционалните изборни модели и со тоа ја отвора вратата за успех и на малите политички партии. Кон ова треба да се додаде и тоа дека ти пот на листи, големината на изборни единици, како и(не)постоењето на изборен праг, влијае врз ефектите од пропорционалните изборни модели. Сепак, постојат определени работи кои се припишуваат како општи предности и слабости на пропорционалните изборни модели. 4.2. НА ПРОПОРЦИОНАЛНИТЕ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ Речиси секогаш при набројувањето на предностите на пропорцио налните изборни модели се поаѓа од тоа дека овие модели ја ели минираат најголемата слабост на мнозинските изборни модели – создавањето нереална слика за расположението на граѓаните и не нудењето фер шанса за сите политички актери. Пропорционалните КЛУЧНИ ПОЕНТИ Пропорционалните изборни модели придонесуваат за: многу поверна слика за расположението на граѓаните во државата, поинклузивно, порепрезентативно и подемократско претставничко тело, намалување на бројот на изгубени гласови, помала можност за gerrymandering (џеримандеринг), како и водeње на кампања и во изборни единици каде политичките партии немаат голем број на поддржувачи.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten