Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 409 Ваквите слабости на пропорционалните изборни модели често може да се најдат во рамките на теоријата. Сепак, преку воведу вање на изборен праг и игра со големината на изборните единици, може да се придонесе кон ублажување на одредени слабости, од носно кон помало фрагментирање на партискиот систем и елими нирање на радикалните и екстремистичките партии од парламен тот. Дополнително, отворените партиски листи, исто така, може да придонесат за воспоставување близок контакт меѓу избирачите и кандидатите, како и отчетност на избраните кандидати кон своите избирачи. 4.4. МОДЕЛ НА ПОЕДИНЕЧЕН ПРЕНОСЛИВ ГЛАС(SINGLE TRANSFERABLE VOTE – STV) Критиките упатени кон пропорционалните изборни модели во поглед на квалитетот на избраните претставници, како и нивната близина со избирачите, придонеле кон развој на изборниот модел со поединечен пренослив глас. Станува збор за изборен модел кој се вбројува во рамките на пропорционалните изборни модели би дејќи функционира во рамки на повеќемандатни изборни единици, а пресметката на мандати повторно се врши со помош на изборни формули и квоти. Обично, функционирањето на изборниот мо дел на поединечен пренослив глас се поврзува со Дроповата квота која се пресметува преку следнава формула: Вкупен број на гласови Дропова квота= (Вкупен број на мандати+1) + 1 Таквото пресметување со помош на Дроповата квота, најчесто се спроведува во изборни единици во кои се избираат од 3 до 8 прет ставници. 115 До тука и не се забележува некоја поголема разлика од останатите пропорционални изборни модели. Сепак, начинот на гласање, како и определувањето кои кандидати се избрани, отско кнуваат од пропорционалните изборни модели и потсетуваат на мнозинскиот изборен модел со алтернативен глас. Така, на самиот почеток треба да се има предвид дека политички те партии нудат листа на кандидати според бројот на претставни ци што се избираат од изборната единица. Притоа, избирачите не гласаат за партиска листа, туку при гласањето избирачите треба да ги подредат кандидатите преку впишување на: број 1 пред името и 115 Heywood, Politics – Fifth Edition, 236.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten