Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 413 5. ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ Под поимот изборна единица се подразбира географски дефини ­рана територија во рамките на која избирачите избираат претстав ­ници. Тоа значи дека поимот изборна единица се определува преку следниве елементи: Број на претставници кои се избираат во изборната единица; Големината на избирачкото тело опфатено со изборната единица; Територијална определеност на изборната единица. 120 На прв поглед изгледа дека прашањето за изборните единици пре ­тежно е техничко прашање, но треба да се има предвид дека созда ­вањето на изборните единици може да има големо влијае врз исхо ­дот на изборите. Манипулирањето со границите на изборните еди ­ници(gerrymandering), како и можноста за нарушување на еднакво ­то избирачко право преку креирање на изборни единици со голема разлика во бројот на избирачи, од една до друга изборна единица, може да доведе до различни ефекти на изборите кои произлегуваат од изборните единици. Дополнително, обликувањето на изборните единици зависи и од примената на конкретни изборни модели. Така, мнозинските из ­борни модели се поврзуваат со едномандатни изборни единици, додека, пак, пропорционалните изборни модели се поврзуваат со повеќемандатни изборни единици. Сепак, треба да се има предвид дека кај повеќемандатните изборни единици може да постои голема разлика. Така, при користење на повеќемандатни изборни единици може да се забележат различ ­ни решенија за бројот на претставници кои се избираат(2, 20, 35, како и примери кога сите претставници се избираат од една избор ­на единица). Според тоа, повеќемандатните изборни единици мо ­жат да бидат со поголем број на мандати и поголема територијална големина, но и со помал број на мандати и помала територијална големина. Сето ова предизвикува различната примена на повеќе ­мандатните изборни единици на крајот да доведе и до различни ефекти на пропорционалните изборни модели. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Изборна единица претставува географски дефинирана територија во рамките на којашто избирачите избираат претставници. 120 Pajvancic, Recnik osnovnih pojmova i termina o izborima, 25.