Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 417 на изборен праг иако таков изборен праг формално не е определен. Бидејќи ваквиот ефективен праг никаде формално не е предвиден, често во науката истиот се опишува и како скриен изборен праг. Треба да се има предвид дека изборните прагови најчесто се среќа ваат при користење на пропорционалните изборни модели. Сепак, формален или ефективен изборен праг може да се забележи и во мешовитите изборни модели. 7. МЕШОВИТИ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ Почнувајќи од 90-тите години на XX век, па сè до денес, во рамките на изборните системи може да се забележи сè поголема примена на изборни модели кои во науката се познати под терминот мешовити изборни модели. 129 Ваквите изборни модели функционираат со ко ристење на елементи од мнозинските изборни модели, но и од про порционалните изборни модели. Практично, станува збор за избор ни модели кои се трудат да го искористат најдоброто и од мнозин ските изборни модели и од пропорционалните изборни модели. 130 Тоа е можно бидејќи избирачите добиваат право на два гласа, 131 односно со едниот глас избирачите гласаат за нивниот посакуван кандидат во едномандатни изборни единици, додека, пак, со други от глас избирачите гласаат во повеќемандатни изборни единици за партиска листа на кандидати составена од страна на политичките партии. Така, дел од мандатите се распределуваат според правила та на мнозинските изборни модели додека, пак, друг дел од манда тите според правилата на пропорционалните изборни модели. При анализа на ефектите на мешовитите изборни модели треба да се има предвид дека овие изборни модели овозможуваат изби рачите да ги поделат гласовите и со првиот глас да гласаат за кан дидат од голема политичка партија, а со вториот глас да гласаат за кандидат од помала политичка партија. На тој начин, избирачите се трудат да придонесат кон успех и на големите, но и на малите политички партии. Дополнително, мешовитите изборни модели ус певаат да ја задржат пропорционалноста, а во исто време да обез бедат и претставници кои се поврзани со својата изборна единици. Вака поставено, мешовитите изборни модели треба да придонесат 129 Farrel, Electoral Systems: A comparative Introduction, 97. 130 Hix et. Al., Choosing an Electoral System, 83. 131 Hix et. Al., Choosing an Electoral System, 87. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Мешовити изборни модели претставуваат комбинација од мнозински и пропорционални изборни модели во кои избирачите добиваат право на два гласа, односно со едниот глас гласаат за нивниот посакуван кандидат во едномандатни изборни единици (според правилата на мнозинскиот изборен модел), додека, пак, со другиот глас гласаат во повеќемандатни изборни единици за партиска листа на кандидати составена од страна на политичките партии (според правилата на пропорционалниот изборен модел).
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten