Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 449 3.4. И РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Користењето на насилство и антисистемска реторика е основа и за следната поделба на политичките партии. Имено, во текот на XX век посебно беше актуелна поделбата на уставни и револуционер ­ни политички партии. Уставните политички партии го прифаќаат постоењето на други политички партии и делуваат во рамки на пра ­вилата определени од системот и демократијата. 66 Тоа значи дека уставните политички партии ги почитуваат вредностите на либе ­ралната демократија и, воедно, прифаќаат дека власта се освојува по пат на плурални избори. Така, уставните политички партии го отфрлаат насилството и се поврзуваат со владеењето на правото, поделбата на власта, човековите права, партискиот плурализам, из ­борите, итн. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Уставните политички партии: го прифаќаат постоењето на други политички партии и делуваат во рамки на правилата определени од системот и демократијата. Слика 13. политички партии делуваат во рамки на правилата определени од системот и демократијата. 67 Револуционерните политички партии, од друга страна, пак, се антисистемски политички партии, кои се трудат да ја преземат власта за да ја укинат демократијата и да наметнат еднопартиско општество. Притоа, освојувањето на власта и укинувањето на демо ­кратијата може да дојде по пат на револуции, државни удари, или, пак, квазилегализам, како во случајот на нацистите и фашистите во Германија и Италија. 68 Патот до преземањето на власта може 66 Heywood, Politics Fifth Edition, 248. 67  Слика од@olivier-le-moal на Freepik 68 Heywood, Politics Fifth Edition, 248. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Револуционер­ните политички партии: антисис­темски политички партии, кои са­каат да ја укинат демократијата и да воведат еднопартиски системи.