450 ГЛАВА 11 ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ПАРТИСКИ СИСТЕМИ да биде различен, но практикувањето на власта кај револуционер ните политички партии е сличен. Кај сите нив се забележува уки нување на останатите политички партии и создавање на еднопар тиски режим во кој не постои разлика меѓу државата и партијата. Практично, револуционерните политички партии во име на опреде лена кауза ја укинуваат демократијата и создаваат авторитарни и тоталитарни системи. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Традиционалните (мејнстрим) политички партии: го прифаќаат уставниот статус кво и имаат тенденција да делуваат во рамки на веќе утврдените правила на политичка игра. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Популистичките политички партии: критика на традиционалните политички партии дека ваквите партии се неефикасни, корумпирани, неодговорни, кусогледи, доминирани од елити и неспособни за носење на политики во интерес на народот. 3.5. (МЕJНСТРИМ) И ПОПУЛИСТИЧКИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ По лошото искуство со револуционерните политички партии во те кот на XX век, денес во демократските општества, со цел да се зашти ти демократијата, обично ваквите политички партии се забранува ат. Сепак, крајот на XX век и почетокот на XXI век доведе до нов тип на политички партии – популистички партии. Затоа, денес, во нау ката, но и во праксата, се говори за постоење на мејнстрим политич ки партии и популистички политички партии. Често, за мејнстрим политичките партии може да се сретнат и термините традицио нални и умерени политички партии. Ваквите политички партии го прифаќаат уставниот статус кво и имаат тенденција да делуваат во рамки на веќе утврдените правила на политичка игра. 69 Таквата тенденција, освен на утврдените правила на политичка игра, воедно се однесуваат и на општоприфатените политички вредности. Така, овие политички партии го прифаќаат: начинот на функционирање на репрезентативната демократија; владеењето на правото; зашти тата на човековите права; неолибералната економија; процесот на глобализација; европска интеграција, итн. Всушност, мејнстрим политичките партии се политички партии кои не ја преиспитуваат либералната демократијата, ниту вредностите коишто се поврзува ат со неа. Затоа, во рамките на мејнстрим политичките партии не може да се забележат големи идеолошки разлики. Станува збор за политички партии кои настанале во текот на XIX и во текот на XX век и се трансформирале во сеопфатни политички партии. Тоа што меѓу мејнстрим политичките партии не постои некоја поголема разлика во нивното делување, иако имаат различни идеологии, довело до појава на популистичките политички партии . Практично, популистичките политички партии се про тестни партии кон политиките на мејнстрим политичките пар тии. Имено, популистичките политички партии ги критикуваат 69 Heywood, Politics – Fifth Edition, 249.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten