454 ГЛАВА 11 ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ПАРТИСКИ СИСТЕМИ ■ Двопартиски систем; ■ Две и пол партиски систем; ■ Повеќепартиски систем со доминантна партија; ■ Повеќепартиски систем без доминантна партија. Други теоретичари одлучуваат при анализата на партиските систе ми да посветат внимание на степенот на внатрепартиското един ство на политичките партии . Според овој критериум, партиските системи може да се поделат на: 77 ■ Двопартиски системи со висок степен на внатрешна хомоге ност(пример Обединетото Кралство); ■ Двопартиски систем со слаба внатрешна хомогеност(САД); ■ Повеќепартиски системи со релативно висок степен на вна трешна хомогеност(Шведска, Норвешка и Холандија); ■ Повеќепартиски системи со низок степен на внатрешна хомо геност(Франција и Италија). Од сите горенаведени поделби, може да се забележи дека сите по делби произлегуваат од првичната поделба на партиските системи на: еднопартиски, двопартиски и повеќепартиски системи. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Еднопартиски системи се системи во кои постои една политичка партија, додека останатите партии или се правно забранети или, пак, системски се потиснуваат со цел да згаснат или да се приклучат кон владејачката политичка партија. Се поврзуваат со авторитарни и тоталитарни системи, но не и со демократски системи. 4.1. ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМИ Еднопартиските системи претставуваат партиски системи кои нај често се поврзуваат со авторитарни и тоталитарни системи, а не со демократски системи. Имено, во ваквите системи постои една по литичка партија, додека останатите или се правно забранети или, пак, постои висок степен на репресија кон опозициските политички партии, што на крајот доведува или тие да згаснат, или да се при клучат кон владејачката политичка партија. Најчесто, еднопартиските системи се поврзуваат со комунистичките ре жими. Токму во овие режими беше дозволено постоењето само на кому нистичките партии додека, пак, другите политички партии беа забране ти. Тоа значи дека политичкото организирање надвор од комунистичка та партија не беше можно, а организирањето на избори ја губеше својата смисла, бидејќи немаше можност за вистински избор. Така, во еднопар тиските системи политичката партија на власт не може да биде проме нета од власт. Бидејќи политичката партија не може да биде променета 77 Robert Dahl,„Party Systems and Patterns of Oppositions“, In The West European Party System, ed. Peter Mair(Oxford: Oxford University Press, 1990), 7.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten