Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 459 и успева да владее самостојно. 86 Така, всушност, доминантната пар ­тија во демократски услови успева со години, па дури и децении, да се задржи на власт. Како пример за повеќепартиски систем со доминантна партија обично се истакнува Шведска, во која Социјалдемократската партија во период од 74 години, дури 65 го ­дина била на власт. Покрај Шведска, повеќепартиски систем со до ­минантна партија во определени временски периоди можеше да се забележи во Италија, Јапонија и Индија. Слика 18. на Социјалдемократската партија на Шведска во период од 1967 до 1987 година. За одбележување е тоа што иако ваквите партиски системи се поврзуваат со демократски држави, сепак, предолгото контроли ­рање на власта од страна на една политичка партија најчесто има лоши ефекти врз квалитетот на демократијата во една држава. Намалувањето на границата меѓу државата и партијата, слабата опозиција, како и зголемената можност за корупција и арогантност во рамки на доминантната партија, се истакнуваат како опасност во ваквите системи. 87 Токму затоа, повеќепартиските системи со доминантна партија во рамките на теоријата не се посакувани и се сметаат за опасни за демократијата. 4.3.2. ПОВЕЌЕПАРТИСКИ СИСТЕМИ БЕЗ ДОМИНАНТНА ПАРТИЈА Од друга страна, постоењето на повеќепартиски системи без доми ­нантна партија говори дека во тој политички систем постојат три или повеќе од три политички партии, при што ниту една партија нема капацитет самостојно да ја преземе власта. Тоа значи дека во ваквите системи секогаш на власт се доаѓа преку коалиција на повеќе политички партии. Сепак, постојат различни типови на 86 Alan Ware, Political parties and Party Systems(Oxford: Oxford University Press, 1996), 159. 87 Heywood, Politics Fifth Edition, 264.