Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица – ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 467 1. ЗА ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО Поимот цивилно општество претставува повеќеслоен, еластичен, „недофатлив“ поим, поим –„камелеон“. Неговото определување на метнува потреба од анализирање на различни аспекти кои се одне суваат на него. Иако овој концепт го опкружува двосмисленост и не постои една универзална дефиниција, од суштинско значење е тој да се разгледа темелно, зошто тоа во голема мерка дефинира што може да се очекува од него. 1 Термини кои се употребуваат за да се означи цивилното општествo се: koinonia politika , société civile , civil society , bürgerliche Gesellschaft, civilis communitas . Други термини и конструкции кои често се упо требуваат, а кои посредно се однесуваат на цивилното општество, се конструкциите: невладин сектор, непрофитен сектор, независен сектор, посреднички сектор, итн. Цивилното општество претставува дел од општеството. Тоа прет ставува севкупност на институции, организации и активности кои се наоѓаат во просторот меѓу семејството, стопанството и држава та. 2 Имено, цивилното општество претставува општествена струк тура меѓу приватната сфера на граѓаните и државата. Цивилното општество се состои од организации во кои граѓаните добровол но се здружуваат и поврзуваат со цел остварување на определе ни заеднички интереси, барања, желби, права. Оттука, цивилното општество претставува севкупност и мрежа на: клубови, заедници, невладини организации, асоцијации(професионални или аматер ски) кои го негуваат чувството на солидарност и партиципативност во меѓусебните односи 3 . Значи, цивилното општество ги вклучува: различните доброволни и непрофитни организации, општествени и политички движења и други видови на партиципација на граѓа ните, како и вредностите и културните обрасци кои се поврзани со нив. Имено, секоја група за која може да се каже дека застапува определени колективни интереси или, пак, презентира определена инволвираност и активност чија цел е остварување некакви инте реси, права, барања, претставува дел од цивилното општество. 1 Lussi Lane. Debating civil society: Contested Conceptualizations and development Trajectories. International Journal of Non- Profit Law. Vol.16. No 1. September, 2014/59, стр. 2. 2 Slaviša Orlović. Politička sociologija. Univerzitet u Beogradu. Fakultet političkih nauka. 2019, str. 40. 3 Климовски Саво, Каракамишева Тања, Дескоска Рената. Политички систем.„Просветно дело“ АД, Скопје, 2009, стр. 225. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Цивилното општество е севкупност на: институции, организации и активности што се наоѓаат во просторот меѓу: семејството, стопанството и државата.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten