470 ГЛАВА 12 ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ Цивилното општество претставува дел од општеството , социјална сфера издвоена од државата и економијата. Цивилното општество претставува трет, непрофитен сектор кој ја опфаќа мрежата на сите асоцијации, меѓу семејството и државата, во кој членството и активноста се волонтерски. Цивилното општество претставува арена чие дејствување е насочено кон унапредување и обезбедување посакувано(добро) општество. Оваа арена се темели врз идејата дека субјектите кои ја сочинуваат треба да дејствуваат во насока на промовирање и унапредување на определени универзални вредности(мир, правда, еднаквост, човекови права, солидарност, толеранција). Цивилното општество претставува дел од јавната сфера, издвоена од пазарната економија и државните институции, чија цел е подобрувањето и унапредувањето на јавната расправа и стимулирањето на учеството на граѓаните во политичките процеси. Основната водилка на дејствувањето е настојувањето за слободна дебата и расправа, изнесување рационални аргументи во насока на разрешување на конфликтните интереси и барања. Слика 1. доминантни становишта на Мајкл Едвардс(Michael Edwards) кои ги опфаќаат дефинициите за цивилното општество. КЛУЧНИ ПОЕНТИ Интересовните групи и политичките партии се основна врска и мост што ги поврзува државата и граѓаните. 2. ОПШТЕСТВО И ИНТЕРЕСОВНИТЕ ГРУПИ Потребата и способноста на граѓаните да се здружуваат е основно обележје на цивилното општество. Имено, граѓаните слободно се здружуваат, пристапуваат или истапуваат од определени органи зации, согласно своите афинитети, преференции, желби, потреби и интереси. Токвил вели:„Оваа навика на луѓето да се здружуваат е суштината на желбата, потребата за(по)добро општество“. 8 8 Alexis de Tocqueville. Democracy in America(bilingual edition). vol2. p. 302.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten