488 ГЛАВА 12 ЦИВИЛНОТО ОПШТЕСТВО И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ КЛУЧНИ ПОЕНТИ Синдикатите се организации на работниците кои се основани со цел да преговараат со работодавачите и да се изборат за подобар статус и заштита на правата на вработените. Асоцијациите на работодавачите се организации кои ги застапуваат и поддржуваат: правата, интересите и барањата на работодавачите. Членството во синдикатите и здруженијата на работодавачите е доброволно . 6. НА РАБОТНИЦИ И РАБОТОДАВАЧИ ВО ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ Синдикатите(грч. sýndicos) претставуваат организации на работни ците кои се основани со цел да преговараат со работодавачите и да се изборат за подобар статус и заштита на правата на вработените, односно да го унапредат нивниот животен стандард. Синдикатот претставува доброволна, самостојна, општествено-еко номска организација на работниците, која ги претставува и се бори за остварување на нивните интереси поврзани со работното место и со нивната материјална и социјална положба. 30 Настанувањето и развитокот на синдикатите претставува неизо ставен дел на работничкото движење. Настанувањето на синдика тите во различни земји, неминовно било детерминирано од нивниот различен степен на економски развиток, но се врзува за периодот од крајот на XVIII век. Првите синдикални организации се јавува ат во Велика Британија во овој период, за во периодот на XIX век да прераснат во најмасовни организации на светското работничко движење, кои влијаат врз, речиси, сите општествено-економски и политички настани во земјите во кои се основаат. Здружувањето на работниците во синдикати претставува резултат на: капиталистич киот развој, развојот на производните сили, техниката и техноло гијата, зголемената експлоатација на трудот, здржувањето на рабо тодавачите, потребата за организирана солидарност на работници те во борбата за извојување на елементарни права и подобрување на нивната материјална и социјална положба. На почетокот, нивна та активност била насочена кон обезбедување помош и братска со лидарност во случај на повреди, болест и смрт. Подоцна прераснале во вистинска преговарачка сила, која по пат на колективно прегова рање со работодавачите ги утврдува условите на: вработување, ра бота, платите, работното време, должината на дневниот, неделниот и годишниот одмор, итн. 30 Климовски Саво, Каракамишева Тања, Дескоска Рената. Политички систем. „Просвтно дело“ АД, Скопје. 2009, стр. 239.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten