Druckschrift 
Politički sistem
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска, Марко Кртолица ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ 495 1. ПОИМ ЗА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Поимот култура во политичката теорија е преземен од антрополо ­гијата и социологијата. До негова почеста употреба доаѓа во ХХ век, а за негова популаризација особено придонел Габриел Олмонд. Но, интересот за овој феномен започнува многу порано. Всушност, по ­литичките мислители низ вековите го признавале значењето на: ставовите, вредностите и верувањата. Некои пишувале за обичаите и традициите, други за националниот дух, но сите се согласувале околу клучната улога на вредностите и верувањата во промови ­рањето на стабилноста и опстанокот на системот. 1 Воведувањето на терминот политичка култура во политичките на ­уки било проследено со тешкотии од: поимна, терминолошка, мето ­долошка и содржинска природа. 2 Проблемите на определувањето на поимот политичка култура поаѓаат од проблемите на дефини ­рањето на поимоткултура, на кои се надоврзува и проблемот на определување на вистинскиот однос култура политичка култура. Значи, при определувањето на поимот политичка култура се по ­ставуваат следните прашања: што е тоа култура, а што политичка култура; дали може да се проучува политичката култура независно од културата воопшто; дали е можен развој на политичката култура без развој на културата воопшто, и обратно; односно дали политич ­ката култура е само дел од културата воопшто, или претставува нов квалитет. Културата ги изразува потрајните духовни придобивки и својства на луѓето и човечките заедници на патот на нивниот историски раз ­вој, завладување со природата и негување на сопствената природа во духовна смисла. Покрај општите, културата содржи и специ ­фични вредности карактеристични за една епоха или за одредена општествена група и заедница. Културата е една од најдрагоцените придобивки на човекот. За разлика од културата, цивилизацијата се однесува на човековите придобивки и знаења во областа на ма ­теријалната репродукција и секојдневниот живот. Нејзините при ­добивки се: заменливи, уништливи и привремени, за разлика од културните вредности кои се потрајни и од нив пресудно зависи ди ­намиката на цивилизацискиот развој. 3 1  Andrew Heywood,Politics, Macmillan International, 2019, стр. 195. 2  Kožul Franjo,Politička kultura samoupravljanja, Sarajevo. 1975, стр. 131. 3  Milan Matić i Milan Podunavac,Politički sistem teorije i principi, Beograd. 1994, стр. 347.