516 ГЛАВА 13 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА 5. КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈАТА Функционирањето на политичките институции потврдува дека тие остануваат празни и безживотни доколку не се следени од одреден тип на политичка култура, кој им дава значење и смисла на поли тичките процеси. Се потврдува дека: функционирањето, ефикас носта, отвореноста и демократичноста на политичкиот систем, за виси од политичката култура на дадено општество. 42 Политичката култура е рамка во која демократијата може да се развива побрзо или побавно, поддржувана од посебен„политички менталитет“ на луѓето кои живеат на одредена територија. 43 При разгледувањето на односот меѓу политичката култура и де мократијата се поставуваат прашањата: На кој начин политичката култура делува врз демократската држава, односно како влијае врз создавањето и одржувањето на демократијата? Дали постои демо кратска политичка култура – образец на политички ставови, кој ја поддржува демократската стабилност и кој на некој начин одговара на демократскиот политички систем? Постои рационално-активистичко гледиште според кое успешна та демократија бара од граѓаните да бидат вклучени и активни во политиката, да бидат информирани за политиката и да вршат не кое влијание врз неа. Пасивниот граѓанин, оној кој не гласа, е слабо информиран и апатичен, што е индикација за слаба демократија. 44 Така, демократската политичка култура има три обележја: актив ност, вклученост и рационалност. Истражувањата, кои во основа ја чинат модернизираната варијан та на елитистичката теорија, според Олмонд и Верба го ставаат под сомнение рационално-активистичкиот модел, бидејќи е јасно дека граѓаните во демократските системи ретко живеат по при мерот на овој модел. Тие: не се добро информирани, не се довол но вклучени, не се посебно активни, а процесот преку кој доаѓаат до заклучоци на изборите е сè друго освен процес на рационална калкулација. Вистина е дека граѓанинот кој е: информиран, анга жиран, рационален и активен, почесто се среќава во успешните де мократски системи, отколку во неуспешните. Карактеристиките на 42 Milan Podunavac,„Politička kultura i politički odnosi“, Beograd. 1982, стр. 197. 43 Slaviša Orlović, Politička sociologija, Beograd. 2019, стр. 178. 44 Gabriel A. Almond i Sidney Verba,„Građanska kultura i demokratska stabilnost“ во хрестоматија Veljko Mratović,„Problemi suvremene države“, Zagreb. 1971, стр. 180-181.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten