536 ГЛАВА 14 ЈАВНО МИСЛЕЊЕ ИСТОРИСКИ НАСТАН Гебелсова пропаганда – Паул Јозеф Гебелс(Paul Joseph Goebbels; 1897-1945) бил министер за народна просвета и пропаганда во периодот од 1933 до 1946 година. Тој бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Гебелс бил познат по неговото жестоко говорништво и антисемитизам. Откако нацистите дошле на власт во 1933 година, Гебелс бил назначен за министер за пропаганда, при што еден од неговите први чекори била наредбата да се запалат сите книги напишани од Евреи или антинацистички автори, и ја зголемил својата контрола над секој извор на информации во Германија. Гебелсовата пропаганда била сеопфатна и имала за цел„перење на мозокот“ на луѓето за да се потчинат на нацистите и да го идеализираат Хитлер. Пропагандата промовирала постојано присуство на Хитлер и неговата партија во животите на Германците: секаде се појавувал симболот на свастиката(кукест крст) и сликата на Хитлер. Печатот бил целосно цензуриран и можело да се печатат само написи кои го воздигнуваат нацистичкиот режим. Радиоприемниците(„Народни приемници“) биле продавани евтино за да можат, речиси, сите Германци да ги имаат. Целата радиопрограма била контролирана од министерството на Гебелс. Исто така, звучници на кои се емитувала радиопрограма биле ставани на јавни места за сите да можат да ги чујат пораките на нацистите. Во насока на поддршка на режимот биле организирани и масовни собири на кои преку: музика, говори и демонстрирање на германската сила се изразувала поддршката на нацизмот. Во услови на манипулација со јавното мислење, луѓето често се на оѓаат во ситуација кога е тешко да го разликуваат вистинското јавно мислење од приватното мислење, кое се изразува благодарение на тоа што се располага со потребни средства.„Ковањето“ лажно јавно ми слење сигурно не е ништо помалку распространето од„ковањето“ лаж ни пари. 40 Создавањето позитивен дух во јавноста и здобивањето на нејзината доверба е монументална задача на политичарите, меѓутоа изгледа дека„индустријата“ која е скапо платена, често успева во тоа. 4. МИСЛЕЊЕ ВО ТОТАЛИТАРНИ И ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМИ Тоталитарните системи познаваат само диригирано јавно мислење. Во тоталитарните системи духовната независност на луѓето е задуше на од барањето за слепа послушност на официјалните вистини кои не оставаат простор за сопствени размислувања. Тоталитаризмот ја от фрла дискусијата како обележје на либерализмот и ги популаризира 40 Politička enciklopedija, Beograd. 1975, стр. 385.
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten