ПРЕДГОВОР Во Република Македонија(денес Република Северна Македонија) од 80-тите години на минатиот век започна историски процес на општествена и економска трансформација: приватизација на претпријатијата со општествен капитал, во пазарна економија со доминантна приватна сопственост, како и напуштање на еднопартискиот, во повеќепартиски политички систем. Во ваквиот турбулентен период Република Македонија се најде и во виорот на историските настани во поранешната Федерација и стекнувањето независност. За синдикатите, транзициските процеси во државата беа силен предизвик во застапувањето на правата и интересите на работниците – синдикалното членство, за што неминовни беа промени и во организациска смисла и во начинот, методите и принципите на дејствување, во институционалната поставеност и остварувањето на улогата на социјален партнер во креирањето на политиките од економската и социјалната сфера и работно-правната положба на работниците. Со оглед на огромниот број активности на синдикатите, наспроти постојниот обем на истражувања за синдикализмот во нашата држава во наведениот временски период, целта на трудот е да придонесе да се одбележат стратешките заложби на синдикатите во интерес на остварувањето и подобрувањето на правата од работа на своето членство и работниците, согласно меѓународните трудови стандарди. Како сегашните и идни генерации работници синдикално организирани да ги бранат и унапредуваат своите права, како да се борат и изборат да живеат достоинствено од својот труд, како заедно да минуваат низ премрежињата и да партиципираат во изградбата на современо, демократско општество, како што е декларирана со Уставот нашата држава, Република Северна Македонија. Заради поголема прегледност, конципиран приказ на синдикалните активности и акции, во оваа публикација истите се класифицирани во 10 делови, според основните тематски подрачја кои се предмет на третирање на синдикатите во нивните стратегии и платформи. До појавата на синдикалниот плурализам, се претставени синдикалните активности и акции на синдикатите здружени во ССМ, како единствен синдикален сојуз. Посебна благодарност искажувам на синдикатите на сите нивоа на организираност, на рецензентите за добронамерните укажувања, како и на сите други соработници за стручната и моралната поддршка во текот на пишувањето на трудот. Од авторот Инда Костова Савиќ ПРЕДГОВОР 11
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten