1. Основно човеково право на синдикално организирање „(1) Работниците имаат право, по свој слободен избор, да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.(2) Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси“. 30 Ова право од ЗРО се темели врз одредбите на Уставот на РСМ(член 37), како и: Повелбата и Универзалната декларација за човековите права на ООН; Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 год.; Конвенциите на МОТ бр.: 87, 98, 135, 144 и препораките бр.: 143, 152 и 113; декларации и конвенции на Меѓународната синдикална организација (ITUC) и Европската синдикална организација(ETUC). Според конвенциите 87 и 98 на Меѓународната организација на трудот: y Работниците имаат право да основаат и да се зачленат во синдикат по сопствен избор; y Синдикалните организации имаат право да донесат свои статути и програми, да изберат свои претставници, како и непречено организирање и дејствување, без било какво мешање од страна на работодавачите или власта; y Синдикатот не може никој да го распушти или да го суспендира; y Синдикатот има право на основање свои пошироки асоцијации, да се здружува во федерации, конфедерации, кои, пак, имаат право на зачленување во меѓународни синдикални организации; y Работниците кои се зачленети во синдикат уживаат соодветна заштита од синдикална дискриминација, а синдикатот е заштитен од мешање на работодавачите во неговата активност; y Синдикатот има право да ги извршува синдикалните активности за време на работа и на работното место; 30 ЗРО, член 184, точка(1) и(2):„Службен весник на РМ“, бр. 167/15 40 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten