Druckschrift 
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Во голем број на земји синдикатите биле ограничувани на разни начи­ни, било од власта, било од работодавачите, со намера да не се шири син­дикализмот, да се разбиваат синдикалните организации, да се задушува гласот на работникот. Се носеле закони, се преземале мерки, се агитирало против синдикатот(посебно кога се спроведувале синдикалните избори), се применувале разни тактики и пракси со кои се ограничувало или се за­бранувало синдикалното организирање на работниците со уверување од страна на работодавачите дека само тие можат да ги заштитат правата и интересите на работниците, а не синдикатот, или ако се формира синдикат тој нема потреба да се здружува во ниту една национална или меѓународ­на синдикална организација. Но, и покрај ваквите состојби, работниците започнале масовно да се организираат во синдикати и сè поорганизирано да вршат притисок врз капиталот и властите. Во таа борба лидер во меѓу­народното синдикално организирање е ICFTU, во која подоцна ќе се здру­жат и други синдикални организации и денес под називот ITUC е најмасов­на синдикална асоцијација на меѓународно ниво. Синдикатот до денес останува демократска организација на работни­ците, со основна задача да ги штити интересите на работниците за: подо­бри услови за работа, подобра заработувачка, колективно да преговараат, да си осигурат подобар животен стандард. За остварување на праведноста во наградувањето на трудот, за пристојна работа, синдикатите се залага­ат да се планираат национални политики во кои ќе бидат вклучувани со­цијалните партнери, тоа значи: и владите, и синдикатите, и организациите на работодавачите. Исто така, синдикатите постојано го истакнуваат ова прашање и ја информираат и анимираат целокупната јавност, вклучувајќи ја експертската, за сите потреби и проблеми, водат кампањи, го развиваат социјалниот дијалог. Во развиените современи демократски општества работниците се за­лагаат да се почитува нивното право на слободно организирање и дејству­вање, што е дел од човековите права гарантирани со највисоките правни документи било на меѓународен, било на национален план. Во тој контекст, покрај Универзалната декларација за човековите права на ООН од 1948 год. и конвенциите на МОТ(87 и 98), треба да се споменат и: Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(усвоена во Рим во 1950 год.); Резолуцијата на ITUC за стратегијата во одбраната на синдикалните права, во која, меѓу другото, се вели дека синдикалните права се гарантирани универзални човекови права и тие мора да бидат инкорпорирани во законите и целосно да се применуваат во сите земји. 42 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)