1. Почетоци на сопственичката трансформација Промената на економскиот и политичкиот систем и преминот кон демократија, развиено цивилно општество и модерно пазарно стопанство, во Република Македонија започна уште од крајот на 1980-тите години. Овој историски чин беше макотрпен и долгорочен општествен процес, проследен со низа пречки и предизвици. Но, определбата на граѓаните беше сигурна дека новото општество ќе биде плурално општество од секој аспект: социјален, економски, политички, идеолошки, културен и дека неговите основни вредности ќе бидат: слободата на личноста; толеранцијата; остварување на правото на сопственост и слободен натпревар во економските активности; самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната. Граѓанско општество во кое трудот ќе претставува основа за материјалната и духовна благосостојба на работниците и граѓаните, за личниот и општествениот прогрес. Транзицијата кон модерна пазарна економија беше без алтернатива. Тоа беше единствениот начин и пат за запирање на започнатото разорување на економијата и осиромашување на работниците и граѓаните и поттикнување на економскиот развој. За успешното спроведување на транзицијата беа потребни: радикални и брзи општествени и економски реформи; либерализација и стабилизација на економските процеси; приватизација на претпријатијата со општествен капитал; економска и технолошка реконструкција на одделни економски гранки, системи и претпријатија и развивање на претприемништвото. Во основната клетка на производниот процес – организациите на здружениот труд, мораше да се направат промени во поставеноста, да се надмине нефункционалноста на самоуправните органи и да се воведат нови механизми кои ќе обезбедат висока работна мотивираност. „Пазарот, како што е познато, е место за трговија... тоа биле определени места каде што доаѓале производителите на стоки, независно едни од други, за да ги покажат своите производи пред купувачите, кои, исто така, независно едни од други, доаѓале на пазарот за да видат дали може да се најде нешто што им било потребно. Ако купувачот нашол нешто од интерес, по цена која се сметала за разумна, се случувала зделка. Доколку цената била превисока во однос на она што купувачот можел/сакал да го плати, продавачот не можел да ги продаде своите стоки. Доколку цените се спуштале премногу ниско, продавачите се пакувале да заминат без желба повторно да дојдат на пазарот. Тоа се тие трговски места кон кои 84 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten