стратегија на Владата на РМ за контрола на сомнителните приватизации; во работата на Агенцијата за приватизација и на Комисијата на Владата на РМ за приватизација; соработуваа со Државната комисија за спречување на корупцијата. 2. Фази на трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал Процесот на трансформација на претпријатијата со општествен капитал се одликуваше со две одделни фази, со два различни концепти. Првата фаза се одвиваше кога Република Македонија беше дел од СФР Југославија, односно по 1989 год. со носењето на законите на тогашниот премиер, Анте Марковиќ, 74 меѓу кои Законот за општествен капитал. 75 Концептот на приватизација според тие закони беше интерно акционерство, кога со големи дисконти вработените акционери станаа сопственици во најголем дел во своите претпријатија. Акциите коишто претпријатијата ги имаа издадено, а вработените претходно запишано, имаа карактер на интерни акции, на кои имаа право единствено вработените во претпријатијата, со нивно отплаќање под повластени услови, без можност за нивно отуѓување. Врз основа на работничкото акционерство, или т.н. систем на интерни акции на работниците(кој опфаќаше два модела: издавање интерни акции заради прибирање додатен капитал и акции заради продажба), околу 450 претпријатија се трансформираа во претпријатија со мешовита сопственост – акционерски друштва и се основаа нови 50.000 мали и средни приватни претпријатија. Со носењето на Одлуката на Владата на РМ со која се забрани издавањето на интерни акции, заврши првата фаза, по што се случи двегодишен застој во процесот на приватизацијата. Втората фаза започна со носењето на: Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во 1993 год., Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште во 1996 год., Законот за приватизација на државниот капитал во претпријатијата во 1996 год. Во оваа фаза се создадени неопходни претпоставки за интензивирање на приватизацијата и 74 Анте Марковиќ беше последниот претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ. Во 1989 год. ги започна економските реформи, кои ја вклучуваа и приватизацијата по пат на доделување акции на работниците. Со политичката партија Сојузот на реформски сили на Југославија, се залагаше за реформа на целото општество и државното уредување на СФРЈ. Со почетокот на настаните кои водеа кон распаѓање на СФРЈ, во 1991 год., врати мандатот на граѓаните на Југославија. 75 Закон за општествен капитал:„Службен лист на СФРЈ“, бр. 46/90 ДЕЛ III: СОПСТВЕНИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 87
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten