добивката; развивање на брз претприемнички однос; подобри услови за регистрирање на друштвата; почитување на работното законодавство и примена на колективните договори на сите нивоа; можности за наградување на вработените и нивно унапредување во работата; да се почитува правото на вработените да учествуваат во синдикалните активности; да се зацврсти положбата на малцинските акционери, да бидат информирани и да им се овозможи судска заштита; да се подобрува конкурентноста на националната економија. На инсистирање на синдикатите, во Законот за трговските друштва беше утврдена одредба(член 210) со која друштвата се обврзуваат да склучуваат колективни договори и тие да бидат основни, односно задолжителни акти на друштвото. Со тоа, синдикатите успеаја да ја реализираат заложбата, колективното договарање да претставува законска обврска за работодавачите. 3. Работничко акционерство Работничкото акционерство се јавило во седумдесеттите години на XIX век во САД и Велика Британија како предизвик на конкурентното пазарно стопанисување. Се практикува во сите дејности, со целосна или делумна сопственост на работниците, со право на управување. Во тие компании работниците се работодавачи и му помагаат на менаџментот со цел да се зголеми продуктивноста. Најреален модел како работниците да дојдат до капитал е моделот ESOP(Employee Stok Ownership Plan) на д-р Luis Kelso. Овој модел овозможува вработените да добијат поволни кредити за да дојдат до капитал, а за кои компанијата гарантира дека ќе бидат вратени од идните профити(отплата на акциите преку профитот), можност да не се плаќа данок и други погодности. 85 Успехот кај работничкото акционерство е во: цврстата волја, работата, дисциплината и довербата меѓу работниците. Се ослободува креативниот дух за иновации во усовршување и унапредување на фирмата, бидејќи ја чувствуваат своја. Повисокиот степен на лојалност на вработените кон својата фирма, поголемата мотивираност за работа, води кон поголема продуктивност, а со тоа и поголем профит. Сопственоста не ги ослободува работниците од обврските на работното место, туку напротив, ги мотиви85 Во Америка по моделот ЕСОП, во 1991 год. имало преку 11.000 компании, со околу 12 милиони вработени, што претставува повеќе од 10% од вкупната работна сила во САД, во кои работниците се целосно или делумно сопственици на акциите на своите компании, со вкупен капитал од околу 60 милијарди долари. 96 СИНДИКАЛИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО НЕЗАВИСНОСТА(1991- 2021)
Druckschrift
Sindikalizmot vo Republika Severna Makedonija po nezavisnosta
(1991-2021)
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten